Број 3270  четврток, 29 април 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Политика

ВМРО-ДПМНЕ прави упад во МНР

Изборот на нов синдикален лидер ги судри професионалните и партиските кадри

Се случи раскол во Министерството за надворешни работи. При изборот на нов синдикален лидер во МНР, во вторникот се судрија интересите на старите професионални кадри во Министерството и новопримените партиски кадри на ВМРО-ДПМНЕ, при што тензијата што се создаваше изминативе денови околу одржувањето на седницата ескалираше во најлоша форма, со навреди, непристојни гестикулации и, на крај, прекин на состанокот.

Од извори од Министерството се дознава дека новите кадри во МНР, предводени од членовите на кабинетот на министерот Антонио Милошоски, требало да го спречат изборот на Шпреса Јусуфи за нов синдикален лидер и да го „одработат“ изборот на нивниот човек, Дејан Крстановски, на таа позиција. Со изборот на Крстановски, според извори од МНР, требало да се замолчи негодувањето на професионалните постари дипломатски кадри од партизацијата и непотизамот што се спроведува во Министерството од страна на Милошоски.

За таа цел, само во понеделникот во синдикатот се зачлениле 60 од нововработените во МНР, кои требало да ги надгласаат старите членови што биле за изборот на Јусуфи. Но, откако на седницата се покажало дека гласачката машинерија на ВМРО-ДПМНЕ во МНР не е доволна за избор на нивниот кандидат Крстановски за синдикален лидер, бил испровоциран прекин на седницата. Според изворите од МНР, наводно, предводник на луѓето на министерот Милошоски на седницата бил портпаролот, Петар Чулев. А како предводник на „тимот“ на Милошоски се посочува директорката на Директоратот за организациони работи, Маја Стојановска, според кулоарите во МНР, жената што го раководи Министерството наместо министерот.

Инаку, Шпреса Јусуфи е дипломат, која во текот на 16 години работа во МНР работела во мисијата на Македонија во Брисел и како в.д. амбасадор во Хаг, каде што замина од позицијата портпарол на Министерството додека министер веќе беше Милошоски. Крстановски во МНР е вработен од 2006 година, актуелен раководител на Секторот за јавни набавки и досега без дипломатско искуство надвор од земјата.

Откако е ВМРО-ДПМНЕ на власт, во МНР се примени околу 150 партиски кадри, односно толку колку што имаше во Министерството, па сега бројката е двојна. Најсмешно е што отфрлени кадри, ексамбасадори на Интернет-страницата на МНР се набројани веднаш по највисоките функции, па произлегува дека се многу битни во хиерархијата, иако и физички и професионално се изолирани од дневните активности. (Н.Р.)


#
Статијата е прочитана 1713 пати.

Испрати коментар

Од: Revoltiran gra]anin
Датум: 29.04.2010 08:01:07
Ова што ни се случува на секој чекор не е видено никаде во светот.Се под капа на ВМРО-ДПМНЕ, дали ќе ни постават и партиски комесари по домовите. Фирерот партизира се..Се прашувам дали зад повикот на патриотските чувства не е да се забошотат сите матни работи на оваа власт. Очигледно е дека кога ВМРО доаѓа на власт имаме целосна падолба на граѓаните во сите сегменти на живеење а межуетничките тензии пред експлозија.Што уште може нда очекуваме.Тие и меѓу себе се поделуваат - почесто има удри мавај по комитетите_ се сеќавате - пред избори за некои места и позиции? Леле мамо - што уште не очекува.Ќе почне реализацијата на сценаеиото со расчистување со неистомислениците???
Од: mene
Датум: 29.04.2010 09:14:16
MNR ni stana detska gradinka kade se lecat detski bolesti... vraboteni so 2 godini staz gi isprakaat po ambasadite, kade nisto ne pravat po cel den, nitu pak znaat kako izgleda sostanok da zakazes ili da realiziras, gi interesira samo kako poveke da profitiraat....starite kadri se trgnati nastrana...toa e diplomatijata denes...a za ambasadori da ne pravime muabet....Kire Ilioski e odlicen primer na kakov ambasador ne treba da bides...moze da go stavat kako primer vo ucebnicite, i so toa pak ke dobie vnimanie zatoa sto ocigledno samo toa mu e vazno da go gledaat lugeto na slika kakov lepotan e.... hahahahhahahaha eeeee Kire kako si nadrobi taka ke si srkas ni dedo ti sveganecot nema da te spasi kolku i da iskesira....
Од: Ајван Доктор®
Датум: 29.04.2010 09:58:14
Успехот на „нашата“ „дипло-мати-ја“е видлива на сите полиња!Македонија е на пат за дома,бидејќи веќе одамна стигна во ЕУ,а дипломатите на овие земји се преполни со „пофалби“за „нашата“власт!Убавините ни се видливи дури и од авион,особено за оние самобендисани маченца што се високо, во облаците, занесени во „патриотскиот“филм и во улогата на Антички лавови!Инфантилниот портоколаден ред е во својот полн Занес!
Од: Тоше
Датум: 29.04.2010 15:24:04
ВМРО се однесува како и работи како пара-држава. Се‘ што постоело - растура. Но проблемот е што не знае (или намерно не сака) да изгради.
Од: Revoltiran makedonec
Датум: 29.04.2010 15:46:04
Vo vremeto na SDSM tie sto sega gi kritikuvate ne gi vrabotuvavte a toa e osnovno ustavno pravo. Vrabotuvavte nekoi so somnitelni diplomi od albanska nacionalnost koi ne go poznavaat makedonskiot jazik i pismo. Prodolzete makedonci kopajte si gi ocite drugite ke koristat.
Од: Тошо
Датум: 29.04.2010 16:57:20
Старите "професионални" кадри и новите "партиски". Ова сериозно? За кои стари "професионални" кадри зборувате? За "професионалците" од типот на Тихомир Илиевски, неуспешен кандидат за градоначалник од СДСМ, или останатите "професионалци" членови на дипломатскиот совет на СДСМ. Или можеби за другите помалку важни "професионалци" за кои познавање на странски јазик или работа на компјутер е мисловна именка? Многу ми е интересен процесот на трансформација на партиските кадри на СДСМ во "професионалци" после секои избори на кои СДСМ ја губи власта.
Од: lidija
Датум: 29.04.2010 17:42:38
g-go Spresa koi se tie stari profesionalci koi steja nasproti mladite kadri. Zoran Popov-organizacionen sekretar na SDSM, maliot Filipce koj trcase levo-desno ili g-din Dimovski ili pak g-din Tavciovski od Diplomatskiot sovet i Izvrsniot odbor na SDSM. Ili tie se"nasi luge" pa ne gi komentirame.

Најди! во Утрински
Политика
Годините за пензија колку и животниот век
Лекови со сини картони нема
Отворен ден на Филозофскиот факултет
Власта ги отфрла невладините како расипани јаболка
Уставните судии признале политички притисок, тврди ВМРО-ДПМНЕ
Догани замина зашто бил пасивен
За Обвинителството, „случајот Трајковски“ е завршен
Тирана даде агреман за Веле Трпевски
Холандските туристи се враќаат во Охрид
Пациентите ќе останат без храна?