Број 3270  четврток, 29 април 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Политика
Догани замина зашто бил пасивен

Напуштањето на Нова демократија на пратеникот Бесим Догани е разбирливо поради неговата пасивност и поради тоа што не може да одговори на интензитетот на активностите на пратеничката група. На овој начин партијата на Имер Селмани вчера го коментираше заминувањето на нивниот пратеник. Со таквата констатација се согласува и самиот Догани, кој нагласува дека неговата пасивност произлегла од тоа што не се согласувал со политиките на партијата на умилкување и приближување кон ДУИ. Тој вчера уште еднаш потврди дека неговиот ангажман ќе го продолжи како независен пратеник и дека потоа ќе се повлече од политиката. „Албанците имаат потреба од проактивни политичари, а не од пратеници што седат дома и земаат плати“, е наведено во реакцијата на НД. Иако неговиот потег го оценуваат како неумерен, сепак, велат дека партијата не може да си го дозволи „луксузот на одморање дома во услови кога власта спроведува дискриминаторска политика“. Догани се согласува дека тој извесен период се дистанцирал од активностите во партијата, поради начинот на кој НД се обидува да се доближи до ДУИ. „Не ми одговараше политиката на умилкување со ДУИ и помпезните изјави дека имаат исти мислења“. Тој повтори и дека нема намера да се врати во ДПА. (Св.У.)

#
Статијата е прочитана 552 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Политика
Годините за пензија колку и животниот век
Лекови со сини картони нема
Отворен ден на Филозофскиот факултет
Власта ги отфрла невладините како расипани јаболка
ВМРО-ДПМНЕ прави упад во МНР
Уставните судии признале политички притисок, тврди ВМРО-ДПМНЕ
За Обвинителството, „случајот Трајковски“ е завршен
Тирана даде агреман за Веле Трпевски
Холандските туристи се враќаат во Охрид
Пациентите ќе останат без храна?