Број 3270  четврток, 29 април 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Политика

Власта ги отфрла невладините како расипани јаболка

 

Обвинувањето на Стојанче Ангелов од „Достоинство“ дека власта сака да ги уништи ја актуализира темата на односот на власта спрема здруженијата

Светлана Унковска

Тактиката со која власта се справува со невладините организации, но и со стручната јавност, кои јавно ги критикуваат потезите и одлуките на Владата е обид на најгруб начин тие да се оцрнат и потоа да се сместат во групата неподобни, со лепење етикети на предавници што работат против државата.

Тоа го потврди и последниот случај кога претседателот на здружението на бранителите „Достоинство“, Стојанче Ангелов, минатиот викенд на Централното собрание обелодени дека пратеници и министри на ВМРО-ДПМНЕ работат на уништување на нивното здружение. Ваквите отворени обвинувања повторно ја отвори веќе присутната тема на методите на власта со закани и притисоци да им се зададе удар на невладините организации и здруженија што ги смета за свои противници.

Интензитетот на власта за справување со невладините организации и покрај тоа што пред два месеца беа остро критикувани од евроамбасадорот Ерван Фуере, сепак, не изгуби од својата жестокост. Експертите посочуваат дека наместо власта да ги прифаќа добронамерно критиките и сугестиите на НВО, таа со нив се пресметува според системот на расипани јаболка.

„Верувам дека тоа што се случило со Здружението на бранителите е точно, бидејќи таква е политиката на оваа власт. Од една страна, растура некои помоќни организации што ја загрозуваат, а од друга страна, внесува недоверба меѓу самите невладини. Ги подбуцнува здруженијата и на тој начин успева да оневозможи каква било поголема заедничка акција во однос на битни прашања. Нашата власт во ниту еден момент не сфати дека НВО-секторот не е нејзин противник, туку тој што отвора и поставува прашања, но и сигнализира проблеми“, вели професорката Мирјана Најчевска.

„Кога политичарите ќе увидат дека има расипано јаболко, тие сакаат да го фрлат. Така се однесуваат и со невладините организации и со граѓанскиот сектор, кои се обидуваат да ги направат невалидни и неважни. Тоа е погрешна тактика и метод што го окупира граѓанскиот сектор на штета на сите, особено на граѓанското општество и на демократијата“, оценува аналитичарот Сеад Џигал. Според него, тоа не' враќа со децении наназад, бидејќи функцијата на граѓанскиот сектор е да ги повикува на одговорност избраните претставници на власта.

Како што постои атмосфера на општа поделеност во државава, така и во невлад��ниот сектор и здруженијата не се поштедени од поделбите, кое практично ги бои политички. Ако се критикува власта, тогаш на етикетата што се прилепува стои - близок до опозицијата, а кога се поддржуваат владините проекти, неминовно следува блискост до власта. Факт е дека и еден куп невладини организации беа наменски формирани се' со цел одредени проекти да добијат таканаречена граѓанска поддршка или, пак, да бидат против одредена цел. Најцрна дамка, сепак, ќе остане тепањето на студентите на плоштадот кои беа брутално нападнати од таканаречени спонтано собрани граѓани.

Еден од најновите изуми е и формирањето институти со звучни имиња што преземаат веќе етаблирани проекти за свои, како што беше тоа примерот со „Медиумско огледало“, преку кое се сакаше да се манипулира јавноста.

Проверен метод, кој се покажа, исто така, дека добро функционира е примерот со стечајците. Сигурно се' уште останало во сеќавање предизборното потпишување заеднички договор на премиерот со предводниците на протестот, за потоа да излезе дека тој важел само за неколкумина. Но, и протестите поради опозицијата од групи граѓани, кои нивните проблеми бараат да им бидат решени од оние што не се на власт, го отвораат поглавјето на девалвација на вредностите на вистинскиот НВО-сектор.

„Целите се секогаш политички или дневнополитички, но, во суштина, тоа е многу лошо. Техниката на притисоци и окупација на невладиниот сектор се менуваат и имаат стилски варијации во однос на тоа која партија е на власт. Тоа го имало и во поранешната, вклучително и во сегашната власт“, смета Џигал.

И додека на секаков можен начин се дискредитира НВО-секторот и граѓанските здруженија кои критикуваат одредени потези на власта, се' почесто има протести на новоформирани организации што го свртуваат вниманието од главниот проблем. Таквите „спинови“ уште повеќе ја влошува состојбата, девалвирајќи го значењето и функцијата на невладиниот сектор.

„Цивилното општество веќе почнува да тоне и се губи неговата функционалност. Со усвоениот Закон за невладини организации, власта ќе има и законска можност да диригираат со нив, бидејќи тие ја губат својата независност и официјално се ставаат под капата на државата“, оценува Најчевска.


#
Статијата е прочитана 609 пати.

Испрати коментар

Од: ФЕЛИКС
Датум: 29.04.2010 08:59:12
Голем број на невладините буквално го сватија називот и ни презентираат партиски однесувања.Така го имаме Сорос,непризнаената и исклучена од сопствениот центар Транспарентност Македонија,па патувачкиот своевремено циркус викан Платформа а сега сосема замрен и др. маргиналци невредни за споменување.Сорос фондацијата е еклантен пример,невладина странска организација чии преседател е виножитен и некогашен висок член на виножитниот кампус.
Од: Лазо Стефанов
Датум: 29.04.2010 09:12:32
Граѓанскиот сектор колку е разновиден, толку е и жилав. Сепак, тој е најсветлата точка во РМ. Меѓу владиниот и бизнис, овој сектор е подобар. Новиот Закон ќе има позитивно влијание на развој на овој сектор. А тоа што лошите појави се присутни во нашиот општествен жибот не е виновен овој сектор, туку тој дава добар придонес во неговот подобрување. Кога би можел тој да им се спротивстави на двата помоќни сектори на краток рок, тоа значи дека тие појави се со мал интензитет.

Најди! во Утрински
Политика
Годините за пензија колку и животниот век
Лекови со сини картони нема
Отворен ден на Филозофскиот факултет
ВМРО-ДПМНЕ прави упад во МНР
Уставните судии признале политички притисок, тврди ВМРО-ДПМНЕ
Догани замина зашто бил пасивен
За Обвинителството, „случајот Трајковски“ е завршен
Тирана даде агреман за Веле Трпевски
Холандските туристи се враќаат во Охрид
Пациентите ќе останат без храна?