Број 3647  четврток, 04 август 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter
Свет

Обама го фали Медведев

Москва - Американскиот претседател Барак Обама изјави дека односите меѓу САД и Русија во изминатите две години се значително унапредени, а рускиот претседател Дмитриј Медведев е посветен патриот кој жестоко ги брани интересите на својата земја.  

Американскиот претседател во разговор за руските медиуми оцени дека Медведев „сфаќа дека патот на просперитетот на Русија оди преку соработката со надворешниот свет, билатерално и мултилатерално“.

Во интервју што го објавува  денешна „Русискаја газета“ по повод 50 роденден на Обама, најмногу зборови беа искажани за „ресетираните“ односи меѓу двете суперсили. 

„Мислам дека  е важно да се осврнеме на изминатите две години и да оддадеме признание за големиот напредок што го постигнавме. Уште како претседателски кандидат почнав да зборувам за ’ресетирање‘. Веднаш по изборите му пиша�� на претседателот Медведев и сметам дека воспоставивме многу успешна соработка на тој план“, рече Обама. 

Обама оцени дека иднината на Русија е во економијата, модернизацијата и новите технологии, нагласувајќи дека благодарение на меѓусебната соработка на двете држави, руските инженери можат да создадат сопствена Силиконска долина.


#
Статијата е прочитана 587 пати.

Испрати коментар

Од: TRAJANKA
Датум: 04.08.2011 11:15:34
Ovie dva Klauni i nemat druga rabota osven eden drug da falat !!!

Најди! во Утрински
Свет
Мубарак на суд
Горчливата победа на Обама
Британците се „за“ евтаназија
Лажен шеик во Макарска
Со оклопно возило преку погрешно паркираните
Бездомник во Белата куќа
Израел подготвен да преговара за границите со Палестинците
Поглед на местото каде што беа кулите-близначки
Реџепи

"""