Бездомник во Белата куќа

ВАШИНГТОН - Човекот кој во вторникот ја прескокна оградата на Белата куќа беше уапсен од униформирани припадници на тајната служба, кои му пристапија со оружје во рака. Инцидентот беше пренесуван во живо на програмата на Си-Ен-Ен, што се емитуваше во вторникот ноќта од северниот тревник на Белата куќа.
Откако човекот ја прескокна оградата, вооружени лица му наредија да легне на земја и му ги врзаа рацете со лисици, а потоа го однесоа во притвор. Ранецот фрлен преку оградата, што беше на земјата во близина, го проверуваат припадници на обезбедувањето.
Според тајната служба, приведениот е Џемс Дирк Крадуп (41), кој е бездомник. Тој ќе биде обвинет за незаконско влегување и непочитување на судот, бидејќи претходно му било наредено да се држи подалеку од Белата куќа поради поранешни инци��енти, јави службата. (Си-Ен-Ен) |