Што пишуваат весниците во светот
Поглед на местото каде што беа кулите-близначки

Поглед на местото каде што беа кулите-близначки на Светскиот трговски центар, заедно со Паметникот и музејот со два базена со водоскоци. Меморијалниот плоштад треба да биде отворен на 11 септември
„Зидојче цајтунг“
Дигитален мастер-план за „Германски пошти“
За „џенерејшен веб“, кој објавува интернет-материјал – без разлика дали е текстуален или визуелен – да се креира книга со тврд повез изгледа како чудна идеја. Но, тоа дава резултати за „Германски пошти“. Германската поштенска служба соопштува дека нејзината дигитална апликација „Соушал меморис“ за корисниците на „Фејсбук“ низ целиот свет беше огромен успех. Секоја книга може да содржи до 28 страници и „Германски пошти“ ќе ја испратат каде било во светот за 19 евра плус поштарина. Понудата беше објавена на „Фејсбук“ во средината на мај и според компанијата веќе се примени 80.000 порачки – додека повеќе од 10.000 корисници на „Фејсбук“ кликнаа „ми се допаѓа“ на апликацијата.
Концептот е само една тула во интернет-стратегијата на компанијата. Извршниот директор Франк Апел направи да биде негова мисија „дигитализација на сите области“ на „Германски пошти“, кои се дел од „Германски пошти ДХЛ“, водечка поштенска и логистичка група во светот. Едно време консултант на Мекинси е подготвен да отвори нови можности дури и ако клиентите се навикнати на стариот начин на вршење на работите. „Е-постбриф“, безбедна, платена услуга за електронски писма, беше пуштена во работа во 2010 година. Нема информации од компанијата со седиште во Бон за успехот на услугата, која има еден милион регистрирани клиенти и во која компанијата планира да инвестира половина милијарда евра до 2015 година. „Успехот не доаѓа преку ноќ. Но, како дел од нашиот дигитален бизнис, електронските писма ќе бидат еден од камен-темелниците на нашиот поштенски оддел во компанијата“, признава Апел.
Вашиот мозок во лето
Американскиот идеал за релаксирани лета полни со забава има една ненамерна последица: ако учениците не се ангажирани со учење во текот на летото, тие ги губат знаењата по математика и читање. Летните паузи се една од најважните, а сепак, најмалку признати, причини за потфрлувачки резултати на училиште. Неколкудецениски истражувања потврдуваат дека летните загуби во учењето се реални. Според извештајот објавен минатиот месец од корпорацијата РАНД, просечните летни загуби во учењето по математика и читање за американските ученици изнесуваат еден месец годишно. Повознемирувачки е што тоа диспропорционално влијае на учениците со ниски приходи: тие губат два месеца од знаењата за читање, додека нивните соученици со повисоки приходи - чии родители можат да ги испратат во кампови каде што ќе ги збогатат знаењата, да ги однесат на едукативни одмори и да ги опкружат со книги во текот на летото - постигнуваат мали добивки. Студијата што ја спроведоа студентите од Универзитетот „Џонс Хопкинс“ во Балтимор покажа дека околу две третини од разликата во резултатите меѓу деветоодделенците со пониски и со повисоки приходи би можеле да бидат објаснети со летната загуба во учењето додека се посетува основно училиште.
Таа загуба во учењето е кумулативна, лето по лето. Има огромно влијание врз успехот на учениците, вклучувајќи го и завршувањето на средното училиште, образованието по средното училиште и подготвеноста за работа.
|