Број 3647  четврток, 04 август 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter
Свет

Лажен шеик во Макарска

Новинарот кој се претставил како шеик нудел да вложи 100 милиони евра

Градоначалникот на Макарска, Марко Ожиќ Бебек (ХДЗ), му нудел на новинарот на „Вечерњи лист“, Хасан Хаидар Дијабо, кој му се претставил како богат катарски шеик и косопственик на Ал Џезира, многубројни проекти во кои би вредело да се вложат пари, потоа хотелот „Далмација“, за на крајот да му вети дека ќе среди и за проститутки, но не му се понудил да го плати кафето. Покрај сето тоа, градоначалникот јавно ја прозва претседателката на неговата партија, Јадранка Косор, дека воопшто не се грижи за туризмот во Макарска. „Шеикот“ заедно со преведувачката отседнал во хотелот „Метеор“ и иако немал ниту голема јахта ниту богата придружба, туку само бил облечен во традиционална арапска облека, лекомислените жители на Макарска, пред се' градоначалникот, навистина поверуваа дека станува збор за богат жител на Катар кој е подготвен да инвестира околу 100 милиони долари.

„Е тоа би не' спасило. Знаете, нашата влада ништо не прави кога е во прашање туризмот во Макарска. Еве, јас би му понудил неколку проекти на шеикот, со кои брзо би си ги повратил парите“, му кажал Ожиќ Бебек на новинарот на „Вечерњи лист“.

Така тој му понудил изградба на жичарница, за која е подготвен проект, за 10 милиони долари, проширување на спортскиот центар на кој би никнале нови терени за кошарка, ракомет, одбојка и базен, купување на хотелот „Далмација“ за 40 милиони долари, но и одлично парче земја, веднаш до плажата на кое може да се изгради туристички центар со хотели.

Кога разговорот се ближел до крајот, шеикот го прашал првиот човек на градот под Биоково, каде што со својата придружба би можел непречено да се капи и забавува кога ќе дојде со јахтата, на градоначалникот подготвено му ја понудил плажата во западниот дел на градот на која не одат многу туристи. „Плажата ќе ја приспособиме на шеикот и на неговите потреби“, и' објаснил Ожиќ Бебек на преведувачката, а на крајот шеикот се одлучил да побара и нешто само за себе.

На градоначалникот му нафрлил дека Хрватките се убави жени и го прашал може ли нешто да се среди и околу тоа прашање. „Секако. Следниот пат кога ќе дојде, се' ќе биде средено. Мојот пријател е директор на една болница и има се' под контрола. Тој знае како и кога, што може да се набави. Преку него ќе средиме се' што сака. Секако, со загарантирана дискреција“, заклучи Ожиќ Бебек.


#
Статијата е прочитана 954 пати.

Испрати коментар

Од: bitola troa skolovan
Датум: 04.08.2011 08:43:43
Za vo Hrvatska ednas objavuvate vakvi sredbi no za Makedonija gi imame mnogu naseto premierce mi teknuva so Stetson na glava i nekoj dzoa amerikanec koj od Makedonija ke pravese Teksas,pa razni glumci-menedzeri vo Radovis,Svedmilk i da ne nabrojuvam....

Најди! во Утрински
Свет
Мубарак на суд
Горчливата победа на Обама
Британците се „за“ евтаназија
Со оклопно возило преку погрешно паркираните
Бездомник во Белата куќа
Израел подготвен да преговара за границите со Палестинците
Поглед на местото каде што беа кулите-близначки
Обама го фали Медведев
Реџепи

"""