Израел подготвен да преговара за границите со Палестинците
Палестинската држава треба приближно да ги следи контурите на линиите на прекинот на огнот од 1967 година
Изрелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху потклекна на притисокот од САД така што првпат се согласи оти палестинската држава треба приближно да ги следи контурите на линиите на прекинот на огнот од 1967 година со кои се одвојува Западниот Брег од Израел.
Понудата изгледа претставува големо признавање на грешката од страна на Нетанјаху, кој доследно одбиваше да дискутира за прецизните граници на идната држава. Официјален претавник на владата во Ерусалим за „Дејли телеграф“ изјави дека понудата е зависна од тоа Палестинците да се откажат од нивната кампања за обезбедување суверенитет во ОН следниот месец и прифаќање на Израел како еврејска држава.
Понудата изгледа ја преминува палестинската црвена линија, и најверојатно ќе биде отфрлена – иако бремето сега веројатно ќе биде пренесено на Палестинците.
Нетанјаху налутено реагираше кога во мај, предлогот од 1967 година беше презентиран од Барак Обама, но сега изјави дека нуди размена на израелска територија од негова страна на линијата за земја на Западниот Брег каде се лоцирани нивните најголеми населби.
„Ние сме подготвени во рамките на рестартирање на мировните разговори да го прифатиме предлогот што би содржел елементи кои би биле тешки за Израел и би ни биле многу тешки за прифаќање“, изјави официјалното лице, одговарајќи на прашање за предлогот на Обама.
Палестинците наведоа дека не добиле никаков предлог од Израел. Тие бараа Израел да престане со изградба на населби во Западниот Брег и источен Ерусалим, пред продолжување на мировните разговори. Се наведува дека Нетанјаху сакал разговори без никакви предуслови каде за прашањата како населбите и границите ќе може да се дискутира. Линијата на прекинот на огнот датира од јуни 1967 година, кога Израел го окупираше Западниот Брег, појасот Газа и источен Ерусалим. (Телеграф) |