Број 3647  четврток, 04 август 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter
Свет

Со оклопно возило преку погрешно паркираните

ВИЛНУС - Градоначалникот на Вилнус, главниот град на Литванија, е снимен како со оклопно возило уништува автомобил непрописно паркиран на велосипедска патека. „Ете што ќе се случи ако непрописно го паркирате вашиот автомобил“, рече градоначалникот Артурас Зуокас, страстен велосипедист, на снимката објавена на веб страницата на градот Вилнус. Потоа пристигна сопственикот на автомобилот за да види како го влечат неговиот уништен „мерцедес“.

Подвигот е снимен за време на викендот за популарна серија на шведската телевизија „99 работи што треба да ги направите пред да умрете“.

„Вилнус изгледа пријателски, модерен и полн со изненадувања - како и градоначалникот на градот“, објавува веб страницата на градот Вилнус, цитирајќи го домаќинот на шведската телевизија Мацка Едлунд.

На видео снимката, Зуокас го нервира сопственикот на автомобилот, го мете скршеното стакло од уништениот автомобил, а потоа се качува на велосипед и заминува - сценарио во кое би уживале многу велосипедисти.

„Треба да се има чувство за хумор во мојата работа и мислам дека тоа би било начин да се привлече внимание на фактот дека градот има намера да биде активен во борбата против непрописното паркирање“, објавија вестите на „Смол ворлд“ цитирајќи го градоначалникот.

Зуокас одамна бара од жителите да користат велосипеди, и воведе различни велосипедски патеки откако има мандат. (Би-Би-Си)


#
Статијата е прочитана 933 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Свет
Мубарак на суд
Горчливата победа на Обама
Британците се „за“ евтаназија
Лажен шеик во Макарска
Бездомник во Белата куќа
Израел подготвен да преговара за границите со Палестинците
Поглед на местото каде што беа кулите-близначки
Обама го фали Медведев
Реџепи

"""