Број 3647  четврток, 04 август 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter
Свет

Британците се „за“ евтаназија

Лондон - Големо мнозинство од Британците се согласуваат со промена на законот за да се дозволи делумно извршување на евтаназијата во Велика Британија.

Последното истражувања на јавното мислење, што е направено по барање на организациите што лобираат за примена на евтаназијата, покажуваат дека 75 отсто од луѓето сметаат оти на неизлечиво болните, возрасни луѓе, кои сакаат да умрат, треба да им се дозволи да го прекинат својот живот со помош на лекарите.

Но, само 36 отсто од учесниците во анкетата прифаќаат ваквата можност да им се дозволи и на физички трајно онеспособните луѓе, кои не се на смрт болни, а други 30 отсто веруваат дека треба да се дозволи асистирање при самоубиството за возрасни луѓе кои не сакаат повеќе да живеат.

Раководителот на организацијата „Достоинство во смртта“, Сара Вутон, изјави дека ова испитување ја покажува промената во расположението на луѓето и согласноста за менување на Законот, со кој нема повеќе да се санкционира помагањето при доброволното самоубиство на неизлечиво болните луѓе, кои не сакаат своите последни недели и денови од животот, во периодот кога страдањата стануваат неподносливи, да ги поминат во измачување.

Според мислењето на Вутон, која е голем заговорник за евтаназијата, на луѓето треба да им се дозволи на достоинствен начин и мирно да умрат.

Д-р Питер Сандерс, директор на „контракампањата“ и раководител на организацијата „Негување, а не убивање“, се противи на промената на законот. Тој ги обвинува оние што заговараат евтаназија кои тврдат дека мнозинството луѓе мисли како нив, затоа што, според него, на јавноста не и добро објаснето што значи „неизлечиво болен“ човек, како и „трајно, физички онеспособен“ пациент. „Без прецизно дефинирање на овие термини, не може да стане збор за менување на законот“, смета Сандерс.

Во Велика Британија се' уште е кривично дело помагањето при самоубиство, но досега над стотина луѓе доброволно беа во Цирих, во тамошната организација „Дигнитис“, каде што со помош на лекари го прекратија животот, а ниту еден од луѓето кои им помагаа при патувањето на овие пациенти, досега не беше изведен на судење и казнет за прекршување на Законот. (МИА)


#
Статијата е прочитана 385 пати.

Испрати коментар

Од: Makedonka
Датум: 04.08.2011 08:26:02
Bogami i jas sum za eutanazija,dostoinstveno treba da se zivee no i da se umre.....

Најди! во Утрински
Свет
Мубарак на суд
Горчливата победа на Обама
Лажен шеик во Макарска
Со оклопно возило преку погрешно паркираните
Бездомник во Белата куќа
Израел подготвен да преговара за границите со Палестинците
Поглед на местото каде што беа кулите-близначки
Обама го фали Медведев
Реџепи

"""