Број 2939  среда, 18 март 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

Европскиот сон на Македонија замаглен во Германија


Германскиот докторант Антонио Милошоски и амбасадорката Улрике Кноц

Новата програма на германската канцеларка бара стопирање на ширењето на ЕУ, со исклучок на Хрватска

Тамара Грнчароска

Средношколската визија според германската амбасадорка во земјава, Улрике Марие Кноц, нема да ги наруши добрите билатерални односи меѓу Македонија и Германија. Кноц ја прогласи симулациската игра за можна реалност „ако се работи на политички план“, а тоа е дека Македонија до 2020 година може да влезе во ЕУ со ново име „Северна Македонија“, со нова македонско-албанска владејачка партија „Нова македонска партија“, како и тоа дека „албанското население ќе го зборува македонскиот јазик, што е случај и денес, а Македонците ќе го зборуваат албанскиот јазик што ќе го учат уште од детски градинки“.

„Македонија не очекува да има какви било промени во партнерските односи меѓу Македонија и Германија, која постојано не' поддржува и на политички и на економски план и е една од најзначајните партнери на нашата земја“, изјави вчера за „Утрински весник“, портпаролот на МНР, Петар Чулев, додавајќи дека во прилог кон тоа оди и соопштението од германската амбасада во понеделникот за изјавата на амбасадорката во кое се наведува дека „изјавите никако не ја опишуваат германската политика спрема Македонија“.

За германската политика спрема перспективите на Македонија поконкретно укажува усвојувањето на програмата на владејачката Демохристијанска партија (ЦДУ) во Германија за претстојните избори за Европскиот парламент, во понеделникот, во која партијата на канцеларката Ангела Меркел бара стопирање на приемот на нови земји во ЕУ на неопределено време, со исклучок на Хрватска.

Според Меркел, досегашните проширувања ја чинеле Унијата голем напор, па затоа сега ЦДУ заговара пауза на неопределено време. Меркел се изјаснила за децидно членство на Хрватска, додека за Турција рекла оти „тежнееме кон повластено партнерство“. За другите земји од регионот (н.з. вклучително и Македонија) Меркел рекла дека „се зачувуваат перспективите на пристапувањето“. „Сите знаеме дека сложената структура на Западен Балкан може да добие стабилност само со помош на европските перспективи“, изјавила Меркел, додавајќи дека „без европската перспектива понатамошниот развој не би бил позитивен“ и поради тоа „изборната програма на ЦДУ во тој поглед не менува ништо “.

Иако изјавата на Кноц, официјално, не ја отсликува политиката на Германија спрема нашата земја, нејзините зборови дека средношколската „визија“ на деца од Македонија, Германија и Франција, е убава визија за земјата и оти таа „не е нереална, не е утопија и може да се направи и пред 2020 ако се работи на политички план“, заедно со новата програма на ЦДУ за непроширување на ЕУ, покажува дека „визијата“ што ја има Германија за Македонија станува се' порестриктивна.

На изјавата на германската амбасадорка во Македонија со протест реагираше македонското МНР, кое во неделата ја повика Кноц и и' укажа да се држи во рамките на своите овластувања и да не излегува од својот мандат во земјава. На Кноц и' било кажано да не се меша во внатрешните работи на Македонија, бидејќи нејзините коментари се однесуваат на многу суптилни теми и се дадени на презентација на визии на нерепрезентативен примерок на малолетници. Од Кноц било побарано во иднина да се воздржува од такви контроверзни и штетни изјави.

 

Споровите со соседите пречка за Македонија

СофиЈа – Бугарија поддржува членство на Македонија во НАТО, што ќе се случи кога „ќе ги реши сите спорови со соседните земји“. Ова вчера го изјави бугарскиот вицепремиер и министер за надворешни работи, Ивајло Калфин, на средба со амбасадорите на земјите-членки на НАТО, како и Албанија и Хрватска, јави агенцијата Бгнес.

„Бугарија во континуитет беше приврзаник на политиката на отворени врати и на присоединувањето на земјите од Западен Балкан кон Алијансата. Нашата земја одигра активна улога во акциониот план за членство во НАТО на Албанија и на Хрватска, а исто така, и на Македонија, кога таа ќе ги разреши сите спорови со соседните земји“, изјави Калфин на средбата во Софија. (Макфакс)

Грција пропуштила шанса со „Славомакедонија“

 

Атина – Грција пропушти многу шанси во почетокот на деведесеттите години на минатиот век да го реши тешкото прашање за името на Македонија. Ова го рече грчкиот министер за здравство и поранешен градоначалник на Атина, Димитрис Аврамопулос, на конференција на владејачката Нова демократија посветена на грчко-македонскиот спор за името.

Аврамопулос, кој е дипломат од кариера, рече дека Грција во деведесеттите години требало да го прифати името „Славомакедонија“ за државата на нејзината северна граница. „Изгубивме десет години“, рече министерот на собирот насловен „Грција - ФИРОМ: Причини за кризата и позицијата на Грција по Самитот во Букурешт“.

Осврнувајќи се на можен референдум во Грција, Аврамопулос порача дека ниту еден грчки граѓанин нема да го прифати името Македонија како меѓународно признато име на државата. (Макфакс)


Статијата е прочитана 2141 пати.

Испрати коментар

Од: flaster siti
Датум: 18.03.2009 00:24:03
Овие се тие стратешките пријатели на Грујо? А бе Минхаузен, ти текнува дека ко победи пред 3 год. не угуши со изјавите дека ти и Меркел сте“едно“? Сите лаги една по една ти излегуваат на виделина. Како рече порано, “вистината е како шиво, в’ти, в’ти, ќе извезе на пов’шина“. И ете излезе. Ами сега?
Од: Od Canada
Датум: 18.03.2009 01:17:39
Овие од Европа, се по некој мистериозен специајалист, треба еднаш за секогаш да разберат дека Македонија нее Универзитет (читај марионета) каде што студентите симулираат сценарија, туку е држава со специфична етничка структура, која пак се градела со години, итн. Би било многу поефикасно (за народот) кога госпоѓата амбасадорка се држи до процедурите. Јас незнам, или не сум паметен да разберам, како дозволивме да некои разно-разни ... ни ја кројат иднината. Има една српска - Некад Марко ..., а сад сваки жгољо јаше кавасаки. Ај, на здравје нека ни е.
Од: pameten
Датум: 18.03.2009 06:13:38
со ново име „Северна Македонија“, со нова македонско-албанска владејачка партија Ochigledno e dojden krajot na sonot drzhava na Makedonskiot narod i malcinstvata, so prava na makedonskite malcinstva vo sosenite drzhavi.Mora da se iznajdat drugi projekti. Traba nov Misirkov!
Од: Realist
Датум: 18.03.2009 07:18:06
Ocigledno Bugarija ke bide problem isto kako bila Grcija. Skoro uslovi ke ima od NATOvska Albanija. Potoa Makedonija ke mora na site da im popusti. Toa go dobi Grujo so konfrontacija.
Од: Рајан
Датум: 18.03.2009 08:56:28
Ваша екселенцијо г-ѓа Урлике Кноц. Вашата визија за 2020 година за Република Македонија ќе се оствари кога во грманскиот град каде што има најмогу Турци ѓе дозволите градоначалник да биде Турчин.
Од: Зоран
Датум: 18.03.2009 09:59:31
Јас мислам дека Германија, поточно ЦДУ конечно сфати со какви шупелки си има работа и на какви шупелки од Македонија им давала подршка.
Од: Лоша конекција
Датум: 18.03.2009 10:24:03
Доста ни е од тие дволични и непринципиелни Германци, французи и други “Европејци“. Да си одиме ние со нашите браќа словени - Русите!
Од: Mene
Датум: 18.03.2009 10:32:53
Naj me plasi izjavata od Bugarija: "Makeodnija da gi resi site problemi so sosedite". Odamna najavuvaat deka tie ce pravat precki za Makedonija. Ce se protivat za nacionalnosta povece odosto Grcite. Mislam deka SEGA e vreme za kompromis so Grcija. Severna Makedonija i kraj. Da ne im davame na Bugarite da zemat zalet.
Од: Aleksandar
Датум: 18.03.2009 10:37:06
ova i ne enisto cudno zosto samo Hrvatska ke bide poddrzana da vleze vo Eu a Makedonija i Albanija ne. Psto Grzija pravi sve samo da ne gi otvori nezinite granizi za sosedite. A i dobro zne zosto. Zatoa sto na toj sto nemu e cista kukjata ne ja otvora ni vratat. A nie dotolku li sme dosle, svarno li sakame da vlezime vo takvo nesto necisto, zagadeno so lagi nepravdi, manipulazii i deskriminazija ???
Од: dedo dimo
Датум: 18.03.2009 10:43:44
Dragi Makedonci ,zapadnite zemji si igraat so nas kako so topka ,koj kako saka izjavuva a nie prost o kutime .Sakaat da ne prekrstat ,toa ne mie chudno ,no me chudi izjavata na grkot ,deka grcija izgubila shansa za SLAVOMAKEDONIJA vo 90tite godini .Znachi Vladata na MAKEDONIJA bila soglasna toa da go prifati .Se prashuvam kakvi luge narodot Makedonski glasa vo parlamentot ,Znachi ovie luge bez prashanje na narodot mozat imeto na Makedonija da go smenat .Makedoncite glasaat luge da e vodat zemjata napred za poubava idnina a ne da se igraat so imeto ili identitetotna nashiot narod .Jas lichno posakuvam takvite politichari shto pobrzo da se otstranat bez razlika od koja partija da se .Vladata mora cvrsta da e i poslushna na Makedonskiot narod a ne na stranski zemji .Poedini ptrdstavnici pod hitno da se ochistat za da mozime da trgnime napred .Pogledajte na Hrvatska .
Од: Пројко
Датум: 18.03.2009 11:08:35
Со вестите што стигнуваат од Германија и изјавата на нивната амбасадорка станува јасно зошто ја имавме таква каква што ја имавме 2001 година и која беше позадината на конфликтот. По книгата на Лотар Штефан мислев дека Германија ја сфатила наметнатата трагедија на Македонија и Македонците, и дека е спремна да избрши влијание за корекција на таа погреШна и нехристијанска политика кон Македонија, ама после најновите изјави од нив гледам дека тоа било само моја пуста желба, а веќе бев заборавил дека и Германија придонесе за македонската трагедија во 1913-1915. За кого сега одработува оваа земја којашто некритички безмерно ја засакавме? Професорот Ошлис и Лотар Штефан да не не се Германци? Ние преку нив ја засакавме Германија, а таа ни предвидува крајно минимизирање на Македонската нација. Тажен сум...
Од: realnost
Датум: 18.03.2009 11:26:03
Za komentarot na "Rajan": Ne mesaj babi i zabi,koga sakas turcite da bidat za predsedateli vo Germanija.Malcinstvata vo Makedonija se starosedelci i mnogu postari od vas pravoslavnite koi ziveete vo Makedonija.Vo ovjo slucaj nie starosedelcite vo Makedonija, vas kako dosljaci vi dopustivme da bidete na vlast vo Makedonija,a vie sto napravite:ugnetuvanje do daska na malcinstavta,zloupotreba od najvisoko nivo.Malcinstvata vo MKD,se osekaat pod okupacija od vas pravoslavnite doslajci,primitivni pleminja koi dojdovte od zad karpatite
Од: sova
Датум: 18.03.2009 11:59:13
Da prifatime Severna Makedonija ako se uste mozeme,inaku za nekolku godini ako ne ne unistat nadvoresnite neprijateli ke se unistime samite.Sekoj den ubistva i samoubistva od sto ni e mnogu ubavo i sto ziveeme relaksirano?????
Од: Kavadarcanec
Датум: 18.03.2009 14:13:25
Sekoj si ja tolkuva situacijata vo Makedonija kako saka. Megunarodnata zaednica ima za zadaca da sovetuva no ne i da se mesa vo vnatresnite raboti. Inaku stav na eden ambasador ne znaci i stav na negovata zemja. I jas imam sopstveno mislenje za turskoto malcinstvo vo Germanija, pa neka mi go objavat germansite mediumi.
Од: baba
Датум: 18.03.2009 14:59:03
Do site shto se spremni novoto ime da ni bide Severna Makedonija- A be , vie tokmu ste??? A be vie znaete li deka nekoj raboti ne se prodavaat??? A ako Grcite pobaraat sekoj shto se vika Stojan od utre da se vika Ilir?ili Ismet? ilineznam kako? Imeto na Makedonija ne e problem na Republika Makedonija - nie nemame nikakov problem so toa ime - Grcite se tie shto si imaat problem so imeto Makedonija ,zatoa shto tie si imaat problem so sopstveniot identitet - tie pretendiraat deka se direktni naslednici na Antichkite Grci , pa neznam i na Antichkite Makedonci koj spored niv vsushnost bile Antichki Grci i slichni drugi gluposti koj nas kako gragjani na Republika Makedonija voopshto ne ne' zasegaat. Demek smeneto go imeto no ne samo imeto tuku i identitetot i vednash kje vlezete vo Evropa- prikazni za mali deca- no spored komentarive ovde ima mnogu naivni lugje-lugje koj ne svakjaat deka vlezot vo Evropa neznachi deka site finansiski problemi kje ischeznat- nema leb bez motika !!!
Од: korco
Датум: 18.03.2009 19:36:14
Neli vi e jasno deka ambasadorkata lapala paricki od uckite. a mozebi i nesto drugo. Sami pretpostavuvajte so bi mozela da bide toa

Најди! во Утрински
Насловна
Почна битката за визите во Брисел
Фармерите - монети за поткусурување
Нема да си играм со името на мојата татковина
Зденко
Разнишана довербата во денарот
Може ли да пропаднат претседателските избори
Урнат митот за Ѓорче
Интернет „демократија“
Македонија и Србија ги поправаат односите
Крваво убиство и самоубиство во Охрид
На денот на изборите ќе врне снег
Вештото балансирање на Белорусија