Народот не треба да слуша што знаеме и што можеме преку дебати во живо, на народот му се доволни билбордите за да сфати се'!
Неверојатниот подем на Интернет во последните десет години го трансформира секојдневниот живот на милијарди луѓе низ светот. Меѓу другите последици од оваа трансформација, Интернетот навистина го направи светот едно „глобално село“, во кое речиси и не постои информација од каков било вид која не може да се најде преку стотиците милиони веб- страници. Со право може да се каже дека оваа револуција го трансформира светот во општество на информации. По таканаречената индустриска револуција, која започна во Британија во почетокот на деветнаесеттиот век, чии ефекти радикално го трансформираа светот, оваа е втората голема глобална трансформирачка револуција. Вистинските ефекти од оваа револуција ќе излегуваат на виделина во наредните години и децении!
Меѓу другите ефекти од оваа револуција, секојдневните вести и мислења или колумни од одредени личности, кои се достапни преку Интернет, исто така, се предмет на инстант фидбек преку коментарите, кои читателите ги остават во Интернет-изданијата на соодветните публикации. Овој навидум незначаен чин претставува еден колаборативен процес меѓу авторот и илјадници читатели. Коментарите можат да бидат тенденциозни, деструктивни или конструктивни. Но, во секој случај, се уникатна можност и за самиот пишувач да сфати кои се мислењата на читателите. Посебна чест и задоволство ми е што многу луѓе даваат свое мислење за моите колумни на Интернет-страницата на весников. Во тој контекст, денес одлучив да се соочам со одредени коментари, кои беа изречени по објавувањето на моите претходни колумни. Впрочем, сметам дека ако некој застапува одредена позиција, платформа или идеологија, тогаш мора да биде подготвен да се соочи со оние кои имаат поддржувачко или спротивставено мислење и преку кој било медиум да дебатира за нив. Оваа посебно важи за сите оние кои се јавни личности и претендираат да бидат избрани на високи државни функции. Многу е лесно да се користат државни пари, па да се најмат илјадници билборди низ државата, па едно исто лице, со една иста порака, да не' разубедува дека треба да гласаме за него. Меѓутоа, многу потешко е да се соочиме со нашите противници и јавно да дебатираме и да ги браниме нашите позиции со факти и аргументи. Впрочем, ова е и единствениот начин преку кој на граѓаните им се нуди можност сами да се убедат во реалните квалитети на секој поединец кој ја бара нивната поддршка.
По моите први две колумни, лице потпишано само како „Влатко“ и друго лице потпишана под псевдонимот „Економист“, ме обвинија дека вистинската цел на мојата анализа „за можната девалвација на денарот“ е само за да се продуцира финансиска нестабилност и недоверба во денарот, мотивирано од предизборен опортунизам и сеење магла, преку која сум и' нанесувал голема штета на Македонија. За нивната констатација јас би го кажал следново: во економија каде што валутата е фиксирана спрема силна странска валута (денарот спрема еврото во нашиот случај), стабилноста на таа валута исклучиво зависи од можноста на државата да си ја финансира тековната сметка, без да си ги намалува девизните резерви. Оваа, всушност, и се случуваше во Македонија последните дванаесет години. Но, бројките и анализите на платниот биланс покажуваат дека постои огромен ризик дека Македонија ќе има огромен недостиг од девизи за финансирање на дефицитот на тековната сметка во 2009 година. Овој тренд првпат почна да се појавува кон средината на минатата година. „Влатко“ и „Економист“ можат слободно да ги најдат изданијата на неделникот „Фокус“ и да видат дека тогаш јас бев единствениот кој јавно предупредуваше за опасноста од овој тренд. Денес на насловните страници на некои дневни весници се објавува податокот дека девизните трансфери од дијаспората се драстично намалени. Комбинирано со фактот дека директните странски инвестиции ќе се сведат речиси на нула, единствено оружје кое и' останува на државата да го задржи денарот е да ги продава девизните резерви на пазарот. Народна банка призна дека го правела тоа, намалувајќи ги државните девизни резерви за над 350 милиони евра во последните четири месеци. Значи, стабилноста на денарот е пожелна, но тоа најмалку зависи од желбите на „Влатко“ и на „Економист“, како и од напишаното во моите колумни.
Кај нас во Македонија веќе подолго време е практика, кога се нема контрааргументи, да се напаѓа личноста. Така, некои читатели, потпишани како „Аце од Австралија“, „Оли од Струмица“ и лицетокоеа остави коментар под псевдонимот „За греови“, заклучиле дека „сум морал да ја напаѓам Владата по наредба на Георгиевски“. Еден од нив, пак, сакајќи да личи на еден од претседателските кандидати, дури фрла и клетви! Па, почитувани читатели, впрочем, ако можни идни „претседатели на државата“ можат да фрлаат клетви врз народот и политички да преживеат, зошто да не фрлаат клетви и обични граѓани преку безбедноста на Интернет? Како и да е, ве уверувам и тројцата дека моите анализи не се по директива на Љупчо Георгиевски, ниту пак на никој друг. Слободната мисла, без разлика дали се согласуваме или не со неа, е поддржана во здравите демократски општества. Затоа и постои огромна потреба од јавно соочување и дебатирање, посебно меѓу тие кои претендираат да раководат со државата. Во секој случај, многу се проѕирни обидите да се дескредитира секој од ВМРО, кој не отишол со Груевски, преку контранапад со Георгиевски. Конечно, некој треба да одговори како е можно сегашниот премиер да останал толку чист во една влада во која бил министер за финансии (под кое се Управата за јавни приходи, Државна ревизија и Финансиската полиција), а притоа секој друг кој не го следел неговиот политички пат да биде осуден како криминалец и арамија. Одговорот до „Оли од Струмица“ е дека јас не сум ја напуштил Македонија и се надевам дека тоа никогаш нема да се случи. Се разбира, Австралија секогаш ми стои како отворена опција за работа и за живеење. Сепак, процесот треба да биде обратен - наместо иселување, треба да се стремиме кон доселување, враќање. Треба да сме свесни дека ако сакаме напредок и просперитет за Македонија, меѓу другото, треба да се направи се' што може да се вратат голем број млади професионалци - Македонци кои работат и живеат во странство, како што беше случајот со голем број земји од Централна и Источна Европа, кои денес се далеку пред нас на секое поле.
Конечно, лицето кое остави коментар на 25 февруари 2009 под псевдонимот „Професор“, ме замоли да не сум пишувал други колумни, бидејќи воопшто не сум знаел монетарна политика. Како одговор, јас би го прашал „професорот“ дали тој знае дека Република Македонија воопшто нема монетарна политика? Дали „професорот“ знае дека во моментот кога една земја се обврзува на фиксен режим за својата валута, фактички се откажува од алатките и инструментите на тоа што се нарекува монетрна политика. Ова, се разбира, е комплексна економска тема и сигурно не е предмет на објаснување во колумни, а посебно не во ограничен простор. Но, ако „професорот“ навистина е професор, и ако не се плаши да се соочи, слободно ќе излезам да дебатирам со него на тема дали е можно да се има монетарна политика во услови на фиксен режим на валутата.
Се разбира, и овој професор може да биде како оној другиот, кој раководи со државните финансии, па само држи монолози, без да излезе јавно и да дебатира во живо со спротивставени позиции, ставови и мислења. Но, нели, тоа веќе стана практика на македонската политичка сцена, а може да стане и традиција, па зошто сега да прекршуваме вакви прекрасни демократски традиции. Народот не треба да слуша што знаеме и што можеме преку дебати во живо - на народот му се доволни билбордите за да сфати се'!
Многу интересен пристап избравте во вашата колумна. Пристап на дискусија со коментаторите, особено оние кои контрираат без асална аргументација. Во отсуство на јавни дебати, соочивања, барање на отчет, и ваквиот начин на дебатирање е нешто од нешто.
Од: t24
Датум: 18.03.2009 00:24:00
samo napred gospodine doncev---vakvi ludze ko vas i trebaat uste mnogu na makedonija-----od nasite profesori se videlo do sega na koe deredze e dojdena makedonija
Од: Kolaborativen proces
Датум: 18.03.2009 00:27:08
Ekonomskiot analiticar ocigledno ima teskotii okolu preveduvanjeto od angliski na makedonski jazik, koj vprocem mu e majcin jazik! Apsurdno e da se tvrdi deka Makedonija nema monetarna politika samo zatoa sto se opredelila za stabilen kurs na denarot! Soglasno Ekonomskiot analiticar drzavata moze da ima monetarna politika samo dokolku dozvoli da si ,,igra,, so inflacija i/li dvacija na nacionalnata valuta!? Kakvi li uste ,,genijalni mudrosti,, ke procitame vo kolumnite na ovoj ekonomski analiticar? A, krajno vreme e po petnaesetina godini prestojuvanje vo Makedonija da go podnauci i majciniot jazik!
Од: Предлог до Утрински
Датум: 18.03.2009 00:51:42
Едно големо браво за храброста и начинот на кој е напишана оваа статија. Би дал една идеја до Утрински, доколку е спроведливо би било добро да може и авторите на статиите, особено колумнистите, доколку сакаат да остават коментар,.т.е. реплика на некој коментар на читател. Инаку, секоја чест за г-нот Ден Дончев, кој е докажан експерт без разлика на злобниците кои сакаат само да плукаат.
Од: milco
Датум: 18.03.2009 01:32:57
vo demokratsko opsestvo sekoj ima pravo na svoe mislene.od citatelot zavisi dali ke go prifati ili otvrli.
vo slucajov jas go otfrlam vaseto kako ne osnovano,od pricina deka monetarnata politika e kroena i izrabotena po preporaki i predlozi od eu a, i nivni eksperti koj ja prilagoduvaa prema eu standardite. a vo delot vo koj ve napagjale toa e nivno mislene i vie mozevte da go ptfrlite.
po moe licno mislene go komentiravte zosto navistina ima argumenti(licno mislene)
dobar vie naslovot demokratija-no demokratija ne podrazbira tresene na gluposti bez posledici,
pozrav
Од: Dimko Temel
Датум: 18.03.2009 05:56:26
Najprvin cestitiki do g-din Doncev za toa sto gi cita komentarite i uste povekje sto odgovara na istite. Ako ne se lazam ova e prv pat vo Makedonija nekoj (redakcija, novinar, avtor na objaven tekst - se' edno) da odgovori na komentar ispraten po internet. Bravo! Sto se odnesuva do temata, se slozuvam so g-dinot Doncev. Makedonija so godini vodi politika ne na stabilna valuta, tuku politika na fiksen kurs. Denarot vestacki e fiksiran sprema evroto (so sto se vodi politika na preceneta valuta). Se slozuvam, stabilnosta na denarot e pozelna, toa e jasno, no isto taka stanuva jasno deka taa tesko kje se odrzi vo uslovi koga imame zgolemen trgovski deficit. Kako kje go finansirame istiot koga imame namaleni doznaki od stranstvo i skoro nikakvi stranski investicii? Za zal, ova e momentot koj nekoi nasi biznismeni i trgovci (poagjajki od sopstven interes) so godini go cekaat i se plasam deka sega kje vrsat koordiniran mediumski i politicki pritisok za da se predizvika dvacija.
Од: Жабата и принцот
Датум: 18.03.2009 08:06:30
Дончев пишува: “многу се проѕирни обидите да се дескредитира секој од ВМРО, кој не отишол со Груевски“. Па тој уште не разбрал дека Груевски не е ВМРО. Не разбира дека тоа што “не отишол со Груевски“ значи дека си заминал од ВМРО-ДПМНЕ, партијата која го направи човек во Македонија.
Од: Petre
Датум: 18.03.2009 08:07:58
vo Makedonija NEMA ni Internet Demokratija; edinstveno vo Nova Makedonija mozes da objavis mislenje; cesto pati moderatorot go trga iako e pristojno, ednostavno ako ne mu se dopaga..no za uteha i vo Hrvatska ne se mnogu podobri..tamu komentarite izkleguvaat vednas, no ako ne im se dopaga diskusijata urednicite ke go trgnat napisot so se komentari od stranata i ke go butnat negde vo margini, ai ke objavat drug so mnogu mali izmeni no bez komentarite..tipicen " fuck in brain"... vo posledno vreme gledam i tuka se koristi toa..baska i ako dade nekoj citatel silen argunmentiran komentar, toj nabrgu ke bide zatrupan od kup budalesti komentari, so blagoslov na moderatorot ( urednikot)..
Од: Bezikovec od Sarafci
Датум: 18.03.2009 08:47:06
G-ne Doncev, da se nadevame deka vie i luge kako vas ke doprinesat za promena vo nacinot na mislenje (rabotenje, ziveenje) vo Makedonija: sekoj poedinec slobodno da go iskazuva svoeto mislenje vo javnosta, koe so argumenti ke se potrekupuva... Odlukite vo skoro sekoja institicija (drzavna ili privatna) da se donesuvaat po prethodna licna podgotovka na ucesnicite i diskusoja za opredelena tema so nadglasuvanje (demokratski)... Obrazovniot sistem da gi podgotvi ucenicite (studentite) na vakov priod...
Inaku vasite kolumni se razbirlivi za mene, iako ne sum mnogu strucen vo taa oblast.
Од: wanderers
Датум: 18.03.2009 09:12:53
CESTITAM DEN!!!
Vo ova predizborno sivilo sto go karakteriziraat ednoumni i porazni govori so tvoite kolumni barem pokazuvas deka ima svetlo na krajot na tunelot.
So pocit!
Од: Ðorði
Датум: 18.03.2009 10:25:30
Coveku zarem ne svati dosega deka i da napishesh kvalitetna doktorska disertacija za izlezot na MK od krizata i nametnatiot problem za imeto, ce se najdat nekoi koi ce pljukaat po tebe. Nekoi se seuste na nivo - argument - pendrak. Ne e problemot vo anonimnosta na poedinci, tuku vo licnata sposobnost da rasuduvaat razumno ili samokriticno. Suetata na poedinci e deformirana od mali nogi, a kaj nekoi se razviva so vremeto. Pritiskanjeto po tangentite na kompjuterot ne gi pravi popametni tuku go pokazuva nivoto na svesta i samozaljubenosta. " Ce bide po moe pa makar i naopacki bilo." Eden problem so kolumnive ovde e sto deluvaat pristrasno. Kako da se kolumnistite za opozicijata, a mal del protiv. Retko negde sum videl analiza i sporedba so pravi argumenti koi ja stavaat transparentnosta na ednata versus drugata strana. Pristrasnosta vodi kon negiranje, konflikt i na kraj omalovazuvanje. Sogleduvajki gi site tie pristrasnosti i nezrelosti vo diskusiive - Prekinav so komentari.
Од: toni - Skopje
Датум: 18.03.2009 10:40:08
Bezpolezno gubenje vreme i pamet na badijaldjii i partiski aparatcici koi sto po zadaca ili od nemanje hrabrost i znaenje za javno otvoreno i argumentirano debatiranje tresat gluposti po internetot. Zatoa Doncev ne dekurazirajte se. Vprocem poglednete gi takvite "gradjanski komentari" po Vecer pa ce vi bide jasno. Od iskustvo znam deka novinarcinjata, politicarcinjata i nivnite aktivisti se podgotveni na sekakvi budalastini kako sto e falenje na samite sebe ili kritikuvanje po direktiva radi ekvidistanca na rejtinzite - Makedonija e zemja na stravicno mnogu neobrazuvani i prosti lugje i toa e toa...
Од: Ajde na javna debata
Датум: 18.03.2009 10:40:16
Se slozuvam so g-dinot Doncev deka Vladata vodi irealna monetarna politika, koja voopsto ne se temeli na finansisikite zakonitosti, no se sproveduva cisto voluntaristicki i so populisticki celi. Vprocem vo red e i negovata zabeleska ,na odnesuvanje na Profesorot, koj izigruva minister po finansii,i drzi postojani monolozi, a ne izleguva vo javna debata so finansiskite eksperti koi ja kritikuvaat negovata finansiska i monetarna politika. Toj znae deka negovite argumenti se na "tanok led" ili skoro nikakvi, pa mu e podobro da drzi monolozi ,otkolku da vleguva vo dijalozi i debati so ludje eksperti od finansiskata oblast, bidejci ce ispadni smesen.so svoite "argumenti".
Од: acko
Датум: 18.03.2009 10:45:59
Ne trebalo da gubite vreme so naracanite komentari na vlasta.Nivnata ekonomska strucnost veke ja sekavame na nas grb.Za uteha tie isto pisuvaat na sekoj tekst koj ne im odgovara .
Од: Verag
Датум: 18.03.2009 11:38:09
е сум економист,нема да дискутирам за стручни работи кои не ги разбирам. Но она што е очигледно е дека Владата го кажува тоа што сака да чуе народот. Така пред некој месец министерот Славевски оптимистички најави дека глобалната криза дури ќе има позитивно влијание врз Македонија. не и верувам на оваа Влада.А инвестициите со кои се фалат е минимални,со Сведмилк пропаднаа млекарите,слушнавме дека и турски инвеститор се повлекол оставајќи долгови.не сум оптимист за економските перспективи на Македонија.
Од: Комерцијален предлог до Утрински
Датум: 18.03.2009 11:52:04
Еве го предлогот:
1. Еднаш месечно (или на 4 недели, или некаков друг период, ваш избор), обврзете ги колумнистите да посветат една колумна, на коментарите.
2. Не мора колумнистите да одговараат на поставените коментари, но прифатливо и фер е да посветат една колумна месечно на оние кои се потрудиле да ги прочитаат, па дури биле и толку вредни нешто и да напишат под нивниот текст.
2. Тоа може да биде во некое издание сабота-недела (значи надвор од нивниот редовен ангажман за колумни, дополнително), дури може да биде и како додаток или некој друг вид на подлисток.
3. Сигурен сум дека тоа ќе побуди интерес за читање, но најмногу ќе понуди интерес за квалитетно коментирање, бидејќи и колумнистите ќе „бираат“ да одговорат (се посветат) само на квалитетните коментари.
4. Јас можам да се кладам дека, барем интернет тиражот и коментирањето значително ќе се зголемат
5. Ова е комерцијален предлог до Утрински. Јас предлогов го немам патентирано, а се надевам и г-нот Дончев исто така.
Од: sime
Датум: 18.03.2009 12:44:55
Tocno bilbordite po gradovite JASNO zboruvaat za namerite na vladata i finansiskata sostojba na R.Makedonija
Од: ramadan
Датум: 18.03.2009 13:58:50
Za prv pat da se nekoj osmeli da komunicira na vakov nacin so komentatorite.Nema sto.Bravo.I pokraj toa ponovo se javuvaat komentatori koi ne se slozuvaat so Vas.Vie dokazavte so ovoj Vas napis deka ste spremni i na vakov nacin na komunikacija.Ne sum ekonomista i od taa pricina Vasite analizi so vnimanie gi citav za da si izvlecam svoj zaklucok.Golemite "strucnjaci" ponovo pod drugi iminja se javuvaat za da osporat nesto za koe nemaat svoi argumenti.Vprocem i ova ne treba da se zeme kako zlo.Ovoj narod vo ovie godini dosta propate i zatoa nema pravo nikoj da mu se luti.Vie izjavuvate deka nema da ja napustite ovaa nasa i edinstvena tatkovina.Taskovic prodade dve firmi, zede provizija i zamina.Sega vo vladata ima uste cetvorica stranci.Eden od niv ja prodade swedmilk.KOj bese ce doznaeme koga ce si zamine.Sto se odnesuva do Vas,ako ostanete tuka ce gi citam vasite analizi,ako resite da si odite,nema da vi se nalutam,sami kazuvate deka imate rezervna varijanta.Jas takva moznost nemam
Од: robert
Датум: 18.03.2009 14:00:58
Za Den znam deka e pameten decko.Ama vredi onolku kolku moze da se prodade toa toj najdobro go znaj.A nemu mu se izmesani tenzerinata.Ne krevaj prasina okolu sebe oti samo ti ostanuvas isprasen.Da bese ok ce te igraja.