Број 2939  среда, 18 март 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

Поглед

Урнат митот за Ѓорче

Роберт Димитриевски

Поразот на Ѓорче Петров од Кале Кичево, прв во досегашните 17 ракометни првенства на Македонија, колку што ги израдува домашните играчи и навивачи, исто толку, ако не и повеќе, ги растажи мнозинството љубители на спортот во државава. Сензацијата во салата „Јанчица“ го означи почетокот на крајот на апсолутната доминација на домашната сцена и ја продлабочи агонијата на најтрофејниот македонски ракометен клуб. Во неделата во Кичево падна митот за непобедливост на ѓорчепетровки, кои единствениот претходен пораз по осамостојувањето на Македонија го доживеаја во полуфиналето на Купот во 1994 година.

Нема повеќе помирување однапред со борба за второто место во Суперлигата и радост за самиот изборен пласман во финалето на Купот, кој гарантираше излез во Европа, бидејќи за ѓорчепетровки беше резервирана Лигата на шампионите. Тоа, веројатно, би била позитивната последица од тектонските промени во македонскиот женски ракомет. Но, што правиме со репрезентацијата, која најголемите успеси ги постигна со речиси целата постава на Ѓорче Петров во државниот дрес и која во јуни ја очекува мундијалскиот бараж со Австрија?

Едноставно фасцинира неподносливата леснотија со која сите гледаат сеир додека полека испушта душа ракометниот џин. Не толку одамна „орди“ самонаречени пријатели на клубот се тепаа за место во авионот кога се патуваше низ Европа, а сега никаде ги нема. Европскиот првак од 2002 година и вицешампион на стариот континент во 2000 и во 2005, освојувач на европскиот Суперкуп во 2002, на Интерконтиненталниот куп во средината на 1990-тите и на вкупно 31 титула во Македонија не заслужува да заврши на ваков начин.

 


Статијата е прочитана 2728 пати.

Испрати коментар

Од: sportist
Датум: 18.03.2009 15:20:05
Ednash isprativ komentar na ovaa tema,pa pak ke se povtoram,ako se objavi.Rechisi sekoja drzava si ima svoj sportski"brend",Shpanija go ima real,Italija Milan,na vremeto vo poraneshna Yugoslavija,Partizan beshe drzaven brend.Trifun koga gi sogleda sostojbite digna race od se ona shto go sozdavashe 15 god.Sega Grujo pravi sportski sali,a ke nema koj vo niv da sportuva,pravi spomenici i skulpturi od minatoto,a ke nema koj da gi vidi,namesto da stavi nekoe milionche vo Gj.Petrov,gleda seir shto se sluchuva vo FK Vardar,a se deklarira deka bil sportista. Za zal ne ziveam vo Makedonija inaku bi organiziral akcija(a vie od Utrinski toa mozete)sekoj Makedonec da dade po 1 Euro,a toa se 2 milioni Eura,za da se spasi klubot koj i donel najgolema slava na Makedonija. Gradonachalnikot na Gj.Petrov pravi parkovi,vozchinja,a ne se angaziral da go zashtiti brendot RK Gj.Petrov.Edno vreme imashe odbojkarski klub Partizan od kade ispadnaa plejada odbojkari koi gi branea boite na Makedonija.
Од: Darko Pancev
Датум: 18.03.2009 18:05:09
Kakov Partizan drzaven brend be, kakov odbojkarski klub Partizan, sto zboris? Si cul li za Crvena zvezda, evropski i svetski klubski prvak vo fudbal, rekorder po broj na tituli vo Jugoslavija. A za odbojkata, stvarno ne znam na sto si mislel. A za evroto, mozete i vie od dijasporata da dadete po edno, znam deka dadovte za znameto, ama barem uste po edno.

Најди! во Утрински
Насловна
Почна битката за визите во Брисел
Фармерите - монети за поткусурување
Нема да си играм со името на мојата татковина
Зденко
Разнишана довербата во денарот
Може ли да пропаднат претседателските избори
Европскиот сон на Македонија замаглен во Германија
Интернет „демократија“
Македонија и Србија ги поправаат односите
Крваво убиство и самоубиство во Охрид
На денот на изборите ќе врне снег
Вештото балансирање на Белорусија