Број 2939  среда, 18 март 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

Почна битката за визите во Брисел


Франко Фратини

Италија и Словенија во мисија да ги разубедат скептиците околу визите во ЕУ

Од нашиот дописник
Слободанка Јовановска

Брисел - Битката за укинување на визите почна во Брисел, а ја иницираа на највисоко ниво италијанскиот и словенечкиот шеф на дипломатијата, Франко Фратини и Самуел Жбогар. Тие деновиве испратија отворено писмо до сите земји-членки на Унијата, барајќи „во пократок период“ да испратат јасен сигнал до граѓаните во Западен Балкан за укинување на шенгенскиот ѕид за да се зачува нивната верба во Европа.

Писмото на двајцата министри е одговор на обесхрабрувачките резерви што стигнуваат од Германија и од Холандија, кои изминатите месеци ставаат рампи на секој прогрес на Западен Балкан и, иако формално не се изјаснуваат, неформално не се расположени да прифатат укинување на визите, и покрај инсистирањата од Европската комисија.

„ЕУ досега не постигна вистински напредок околу укинувањето на визите за земјите од Западен Балкан. Патот до такво нешто е тежок и расправата продолжува“, порача чешкиот министер и претседавач Карл Шварценбег по министерскиот состанок во Брисел во понеделникот.

Во почетокот на април, неофицијално, треба да бидат подготвени извештаите на експертските комисии за исполнување на условите во Македонија и во другите земји, а во јуни се очекува препорака од ЕК за евентуално укинување на визите, која ќе се најде истиот месец на расправа во Советот. Ако помине предлогот и таму, за него ќе расправа новиот Европски парламент по летните одмори, така што одлуката ќе биде потврдена конечно на Советот во декември, а ќе се применува од јануари идната година. Во Европската комисија сакаат со укинувањето на визите да го компензираат остатокот на друг прогрес во интеграцијата на земјите од Западен Балкан, со ог��ед на тоа дека околу проширувањето отпорот е можеби и поголем, со Германија како водечка земја и во тоа.

Тоа дека укинувањето на визите нема да оди лесно се гледа од аргументите што ги употребија Фратини и Жбогар да ги убедат останатите дека потегот е неопходен и во интерес на целата Унија. Според нив, европската перспектива за земјите од регионот мора да остане на врвот на агендата на Унијата и Брисел мора мошне брзо да направи опиплив чекор кој би го одржал верувањето во евроинтеграцијата.

„Не можеме да се откажеме од нашата цел демократијата, мирот, стабилноста и просперитетот да ги прошириме на Југоисточна Европа. Мора да продолжиме да работиме на постепено приближување на Западен Балкан кон Унијата. За таа цел ни е потребна поддршка од проевропските и демократските влади таму, па наш прв чекор треба да биде усвојување итни и конкретни мерки со кои ќе им помогнеме да работат и натаму на европската агенда“, стои во писмото на двајцата министри. Според нив, либерализацијата на визниот режим во 2009 година може да помогне во остварувањето на таа цел, а шансите да се постигне тоа се реални.

Тие предупредуваат дека актуелната економска криза може да ги доведе овие земји во тешка ситуација, па сега повеќе од кога и да е ЕУ треба да ги употреби сите средства за да ја направи европската перспектива за нив пореална.

Ним им се приклучи и британскиот шеф на дипломатијата, Дејвид Милибанд, според кого регионот се' уште носи белези од етничките чистења и ако се загребе по површина, ќе се види дека националистичките политики се присутни и натаму, така што ако ЕУ сака да го стабилизира регионот - евроинтеграцијата не е само најдобар начин, туку и единствена надеж.

Извори од француската амбасада одрекуваат дека и официјален Париз е скептик кон укинувањето на визниот режим, а како пречка за проширувањето го гледаат само неусвојувањето на Лисабонскиот договор. Генерално, Франција е расположена да поддржи укинување на визниот режим за земјите што ќе ги исполнат условите, а прашањето за приемот на Македонија во ЕУ го сметаат за апсолвирано, со оцена дека Македонија веќе е на лентата, бидејќи има кандидатски статус.

Писмото на Фратини и на Жбогар ќе биде разгледано на министерскиот состанок посветен на Западен Балкан, што ќе се одржи на крајот на овој месец во Чешка и на кој ќе се судрат земјите кои се за нова кочница кон регионот и оние кои сакаат да го турнат кон Унијата. За укинување на визниот режим, инаку, не е потребен консензус, но прашањето е сензитивно, па нема ни да се решава ако нема поддршка од сите земји-членки. Грција веќе се изјасни дека нема да ги блокира иницијативите кои значат унапредување на контактите меѓу граѓаните и барем засега не навестува рампа околу ова прашање.


Статијата е прочитана 2472 пати.

Испрати коментар

Од: R.R.
Датум: 18.03.2009 00:04:18
Ke vidime sto ke se sluci i so viznata liberalizacija.Samo ako rezultatot bide negativen za nas ne sakam da se obvinuva Vladata zatoa sto taa dade se od sebe!
Од: Makedonija
Датум: 18.03.2009 02:03:08
R,R,ваков батка полтрон како тебе мора да е идниот претседател на РМ..да не си И. Ѓ?Какви визи какви бакрачи додека не се влезе барем во НАТО...од визи В сонувајте...се надевам нема да имам цензура...од утрински...позз.
Од: Petre
Датум: 18.03.2009 08:01:00
se raboti za Najgolema mizerija na EU...Hrvatska uste vo vremeto koga vodese vojna, svercuvase oruzje i svercuvase dobrovolci dobi bezvuzen rezim ( osven za UK); znaeme koga go dobi Bugarija, drzava leglo na mafijata,kade se uste masovno se kradat avtomobili a se svercuvaat i pari...ne mnogu podobri se Romanija i Polska... se dodeka diskriminiranite drzavi ne se zdruzat i ne napravat Reciprocitet na EU ke i se moze da ne diskriminira i da ne pljackosuva...dobil - nedobil viza za UK otidoa sto evra... a UK e polna so azijati, ne samo od Komonveltot, imaat i mnogu Arapi i Kinezi...graganite na UK se najgolema zakana za bezbednosta na USA, duri ima razmisluvanja da im uvedat vizen rezim.. Znaci pod itno koordiniran Reciprocitet na obespravenite drzavi, Makedonija, Turcija, Albanija i drugi...
Од: ismet
Датум: 18.03.2009 08:04:21
So vakva vlada nikogas nema da dojde do osloboduvawe od vizite . toa moze samo da go napravi SDSM.
Од: Perunika
Датум: 18.03.2009 08:43:07
Ке добиеме визна либеризација.Ја молам опозицијата да се надмине себеси и својата енергија да ја насочи на позитивни работи за својата држава.
Од: sredkimp
Датум: 18.03.2009 08:44:27
Abe R.R ti mora da si platen da go citas e-vesnikot Utrinski i da davas nepotrebni kampanji za VRMO. Abe ja prodadovte drzavata na Bugarija...
Од: b
Датум: 18.03.2009 09:03:19
Таа ли е Германија за која пастирот велеше е лобист на Македонија. Беше некогаш, во други времиња, со друга власт во Македонија. Кога видоа сега со кого си имаат работа, резултатите, ево, пристигнуваат. А Боцевски уште верува и ни кашува приказни. Па што мисли, наротот е малоумен. Кому би му верува, нему или на тие од Брисел? А некој си Р.Р. се исплашил некој да не ја окривува власта за ова. не бре, крив е Цацко и некој со бастм.
Од: jas
Датум: 18.03.2009 09:12:33
do R.R. A kogo treba da obvinuvam , dedo mi Milan???
Од: Mартин
Датум: 18.03.2009 10:11:14
За сите што викаат дека само СДСМ ке ги спасела и укинала визите?! дали сте малоумни или незнам што е работата! кава врска има НАТО со визиите ? никаква! Ево мора да дадам пример за неписмените: Хрватска од кога нема визи ! ни во нато е ниту во Еу ! Зошто Сдсм не ги направи реформите за либерализација !? 20 години ве држеше како во затвор, па кога има овци ке ги стрижи тоа е нормално! И најлошото што е дека сака сеуште да стрижи! катастрофа!
Од: ma-ne
Датум: 18.03.2009 10:13:12
Па господа од Брисел, Холандија и Германија, на Балканот живеат луѓе цивилизирани, со култура и традиција, со почитување меѓу себе, а не криминалци. Тие што ги примија меѓу последните држави обилуваа со криминални структури и веќе се меѓу нив. Од Западен балакн ако има бегање на луѓе, тоа ќе бидат школовани луѓе во кои државата инвестирала а незнае да ги искористи. Значи добивате богатство кое ви носи поголем провит, а без да вложите ниту едно евро. Европа да си ја тргне маската од очите и да не се понаша као да на балканот живеат тифусари, напротив, луѓе со висок морал и добро воспитување.
Од: Risto Avstralia
Датум: 18.03.2009 11:37:06
Kakva Germanija bre moi sogragani ili Belgija ranevme 2 familii od tie zemji samo zaradi zenite im sto bea 1 Makedonka drugata Bugarka 9 meseci nemaa pari za leb za 4 nedeli gi istrosile parite za odmor i posle aj po crkvite ama alal e od nas dadeno ime cestito Makedonsko i gordost go delime lebot so site a tie Evropejci se cudat kako da mi nastetat.Mene mi e jasno komsijata grk stoi pozadi se... toa pleme im e strav od nas ako se obedineme ke sme i najmnogu na balkanot i ke stanema golema Makedonija oti krvta voda nikojpat ne biduva
Од: blagica kavadarci
Датум: 18.03.2009 11:54:59
Ako se ukinat vizite , ke bide najgolema zasluga na ovaa vlada , zasto taa gi prezema site merki za vizna liberalizacija
Од: XXL
Датум: 18.03.2009 14:35:03
Utre bezvizen rezim da mi go donesat na vrata...da ve prasam site ..a zosto ni e...???? So koi pari ke setam niz svetov...So penzijata ili plata od 200 evra ako ja zeme nekoj na vreme.. ne moze da se odi nitu do Saraj ili vo Matka na banjanje..A da ne se sekirame za studentite sto ripaat.. tie preku fakultet odat kaj sakaat segdeka ...toj sto ima pari za setanje dobiva viza bez problem...e nema viza za onie sto od nemaj kade sakaat da duvnaat od zemjava da se snajdat za zivot..a toa mnogu dobro go znaat vo Ambasadite i zatoa sme veke 20 godini vo vizen rezim....!!!
Од: stole
Датум: 18.03.2009 17:47:53
Do R.R. tvrdis deka vladava dala se od sebe da ne si slep vladata zama se za sebe.tolku li ste koravi gluvi pa nisto ne gledate pa i ne mozete i ocite vi gi oboija portokalovi. sto dala vladava nesto vo polza na drzavava(narodov) nisto samo ja molze kako krava muzara .

Најди! во Утрински
Насловна
Фармерите - монети за поткусурување
Нема да си играм со името на мојата татковина
Зденко
Разнишана довербата во денарот
Може ли да пропаднат претседателските избори
Урнат митот за Ѓорче
Европскиот сон на Македонија замаглен во Германија
Интернет „демократија“
Македонија и Србија ги поправаат односите
Крваво убиство и самоубиство во Охрид
На денот на изборите ќе врне снег
Вештото балансирање на Белорусија