Број 2939  среда, 18 март 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

Разнишана довербата во денарот

Во странска валута се' повеќе се претвораат и денарските депозити што ги имаат граѓаните во банките

Соња Маџовска

Се' поголемиот страв од девалвација ги тера граѓаните да ги претвораат денарите во девизи. Бројките покажуваат дека дел од денарските штедни влогови на граѓаните се претвораат во евра и се чуваат во банка во форма на цврста странска валута, додека дел од овие пари се повлекуваат од банките и со нив се купуваат евра во менувачниците, кои потоа се чуваат дома.

Експертите сметаат дека она што досега Македонија успевала во сите кризни времиња да го одржи, а тоа е макроекономската стабилност, сега се разнишува. Тие предупредуваат дека најстрашното нешто што може да се случи е девалвација, бидејќи тоа ќе удри по џебот на најсиромашните. Единствено корист можат да имаат големите извозници, бидејќи ќе добиваат повеќе девизи за своите извозни артикли.

Вицепремиерот за економски прашања, Зоран Ставрески, само пред неколку дена изјави дека нема да има девалвација во Македонија и дека има доволно девизни резерви, но тоа не ги смири граѓаните.

Последните објавени податоци на Народна банка на Македонија за јануари се алармантни и велат дека значително била зголемена побарувачката за девизи. Таа во јануари годинава пораснала за речиси 50 отсто. Се топат и девизните резерви.

Поранешниот министер за финансии, Никола Поповски, смета дека стравот од девалвација, кој е проширен и меѓу населението и меѓу деловниот свет, не е неоснован. „Тоа создава притисок луѓето да ги заменуваат своите денарски депозити во девизни. Стравот не е неоснован, бидејќи подолг период македонската економија покажува знаци на исклучително болна состојба. Имено, високиот буџетски дефицит и ниските даночни приходи моментно, како и растечките дефицити на трговскиот биланс и тековната сметка на државата се во насока на ослабување на фиксниот курс на денарот во однос на еврото. Доколку овие трендови продолжат на ист начин до крајот на годинава, сегашниот психолошки страв ќе се претвори во реален и денарот нема да може да ја задржи својата стабилност. Особено е важно да се види каков ќе биде трендот на нивото на девизните резерви во државата. Доколку девизните резерви и оваа година се намала�� за 300-400 милиони, евра како и минатата година, тогаш последиците ќе бидат неизбежни“, вели Поповски.

Според изјавите на сопствениците на неколку менувачници, овој тренд кога сите бараат да купат, а никој не продава евра, особено е изразен во последнава недела. Едно евро се продава по 61,8 денари, а се откупува по 61,5 денари. Овој курс важи и во банките.

Во странска валута се' повеќе се претвораат и денарските депозити што ги имаат граѓаните во банките. И овој тренд потврдува дека вербата на граѓаните во денарот е разнишана. Тие во јануари ги префрлале своите денарски влогови во девизни, иако за нив добиваат двојно помали камати. Според податоците на Народна банка на Македонија, денарското штедење во јануари падна за 3,5 отсто, а заштедите во евра пораснаа за 1,9 отсто. Во бројки, денарските депозити во јануари во однос на декември лани се намалиле за 53 милиони евра. Девизните депозити, пак, покажале пораст за 26 милиони евра, што претпоставува дека овие пари биле заштеда во денари, но се претвориле во девизи и пак се вратиле во банките.

Вкупниот обем на депозитите во банките, пак, во јануари во споредба со декември, се намалил за 27 милиони евра. За овие средства може да се даде претпоставка дека граѓаните ги извадиле од банките и ги чуваат дома во девизи.

Вкупните депозити на граѓаните и на компаниите во македонските банки и штедилници заклучно со јануари изнесува 2,8 милијарди евра.

Од Комерцијална банка велат дека во последниве два-три месеци клиентите се' повеќе се интересираат за тоа дали има опасност од девалвација и што да прават со заштедите. „Се зголеми интензитетот на контакти на штедачите со нашата банка, со цел правилно и навремено да се информираат за случувањата во македонската економија, а како резултат на информациите што се пласираат во јавноста околу можната промена на девизниот курс и случувањата во светската економија. Притоа, не се забележува значителна активност од нивна страна во правец на претворање на денарските депозити во девизи“, велат од Комерцијална банка.


#
Статијата е прочитана 3173 пати.

Испрати коментар

Од: zoro
Датум: 18.03.2009 00:12:14
Не сме да има девалвација , тоа б била катастрофа и еден од последмите удари за македонија. после една девалвација следува друга и почнува спиралата на инфлација и збогом. Но сега се прави бизнис со еврата и најдобро е народфот да не купува евра , веќе ако сака цврста валута тогаш купувајте злато. ако ја следевте кризата од дваесетите години на минатиот век , сите валути дозивеа крах само златото остана реална валута.
Од: Ekonomist
Датум: 18.03.2009 00:43:46
Pogresno e tvrdenjeto na avtorot na tekstot deka, po eventualnata dvacija na denarot, golemite izvoznici ke dobivaat poveke devizi za izvezenite proizvodi! Vo toj slucaj tie ke dobivaat poveke denari, a ne devizi! Panikata na gradjanite za zamena/transfer na denarite vo evra e posledica prvenstveno na izjavite i napisite na razni eksperti i ekonomski analiticari, koi se zalagaat za dvacija na denarot!
Од: Petre
Датум: 18.03.2009 00:51:28
Edinstveno sto me plasi e da nema napliv na falsifikuvani Denari od Bugarija i Srbija, potrebni se golemi kontroli na plakanjata so Kesh i mnogu postrogi kazni... posebno ako znaeme deka vo Srbija neodamno se otkri deka se falsifikuvale nadebelo Evra, mozno e da se zamesani i profesionalci od Topcider; Bugarija pak ima dolga tradicija vo falsifikuvanjeto pari... mozebi treba vremeno da se zabranat apoenite pogolemi od 100mkd ( 500, 1000 i 5000mkd), iako imase i falsifikati od 100mkd..
Од: Dimko Temel
Датум: 18.03.2009 05:29:44
Edna od malkute uspesni storii vo nezavisna Makedonija e makroekonomskata stabilnost i cvrstiot kurs na denarot. Raka na srce, Makedonija so godini vodi politika na preceneta valuta, sto negativno se reflektira na trgovskiot bilans, no sprotivnoto e poloso. A toa e ona trcanje po zgolemen izvoz so serija na dvacii. Toa neizbezno vodi do inflacija koja lesno moze da izbega od kontrola. Za primer videte ja Srbija - tie ne ja naucija lekcijata i do den denes nemaat stabilna valuta (taman vo 2007-08 se zeletaa deka imaat povisoka prosecna plata od nas, im dvira dinarot i sega pak se so prosek <300 EUR). Za zal, kaj nas ima edna grupa na biznismeni i trgovci koi ova iako go razbiraat, povazen im e licniot profit i so godini baraat dvacija no sega konecno imaat megdan za toa: visok trgovski deficit, soodvetna politicka atmosfera, i strav mi e deka postoi zagovor: tie kje butkaat kolku sto moze za da dojde do toa - dvaicija, iako od toa nikoj osven samite tie kje nema korist.
Од: Do Ekonomistot
Датум: 18.03.2009 08:31:04
Jas ne znam koi se tie eksperti sto se zalagaat za dvacija?Mozat da dubat na glava za toa ako nema uslovi za istata ne moze da se sluci.Dvaijata ne e nesto sto se macka na leb!!!Za da se sluci dvacija mora da postojat realni uslovi za toa,kako sto postojat vo momentov.Realno gledano i vladata bi doprinela so istata bidejki vo godina na ekonomska kriza taa mesto da stedi go zgolemuva javnoto trosenje i budzetskiot deficit.Sredstvata ne se nasocuvaat kon industrijata i realniot sektor tuku vo neproizvodni dejnosti i plati taka da dokolku bi se slucila dvacija mkd izvoznici ne bi mozele da ja iskoristat povolno istata.Transferite od stranstvo se namaleni drasticno,nad trg deficit e na rekorno nivo.Dvacijata e samo prasanje na vreme.Mesec,dva da pominat izborite.
Од: b
Датум: 18.03.2009 10:36:43
Не се секирајте, тука е пастирчето и оној Славевски, нема да биде разнишан, брзо тотално ке го урнат!
Од: Vaska Kambova
Датум: 18.03.2009 17:34:49
"Единствено корист можат да имаат големите извозници, бидејќи ќе добиваат повеќе девизи за своите извозни артикли" - Ova e apsolutno pogreshno!! Tie ke dobivat istoto kolichestvo devizii, vo zamena na poveke denari. Polozitelen efekt, i to samo vo kratok rok, moze da ima samo vrz tekovnata smetka na Platniot bilans, bidejki so slaba valuta Makedonskite proizvodi ke bidat po konkurentnosposobna. Drug sposob e so dvacija da se namali nadvoreshniot dolg, kako sto se spekulira deka Grcija ke izleze od Evrozonata.
Од: Стојко
Датум: 18.03.2009 20:41:58
Аман со та ДВАЦИЈА, се вика ДЕВАЛВАЦИЈА !

Најди! во Утрински
Насловна
Почна битката за визите во Брисел
Фармерите - монети за поткусурување
Нема да си играм со името на мојата татковина
Зденко
Урнат митот за Ѓорче
Може ли да пропаднат претседателските избори
Европскиот сон на Македонија замаглен во Германија
Интернет „демократија“
Македонија и Србија ги поправаат односите
Крваво убиство и самоубиство во Охрид
Вештото балансирање на Белорусија
На денот на изборите ќе врне снег