Број 2938  вторник, 17 март 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter
Економија

Заев: Владата само потпишува меморандуми, а инвестиции нема

Опозицијата прашува до каде се меморандумите што ги потпишуваше власта и правеше циркус по медиумите

„Груевски потпиша десетици меморандуми за соработка, како ’Монтипе’, ’Сименс‘, ’Искра‘, ’Шишеџам‘, компании од Кореја, Турција, Франција и многу други. Груевски потроши над 8 милиони евра во 2007 година за реклама на ’Инвест Македонија‘, за 2008 се' уште не се знае колку, а инвестиции нема“, обвини вчера в.д. претседателот на СДСМ, Зоран Заев, на вчерашната прес- конференција.

Според Заев, деновиве сме бомбардирани со ветувања на премиерот и министри во Владата на ВМРО-ДПМНЕ за идни инвестиции во Македонија до 2013 година со астрономски цифри, како досега да ги реализираа сите претходни ветени инвестиции.

„Груевски и ВМРО-ДПМНЕ без срам ветуваат нови инвестиции, без претходно да им кажат на граѓаните до каде се сите оние меморандуми што ги потпишуваа и за кои правеа циркус по медиумите. Тој не одговори колку компании инвестираа и влегоа во економската зона ’Бунарџик‘“, истакна Заев, за кого со тоа премиерот покажал дека неговиот потпис на сите тие меморандуми вреди помалку од мастилото што го потрошил да се потпише.

„Ниедна инвестиција што е дојдена во Македонија во последните три години не е реализирана докрај. Оние што започнаа со работа – пропаднаа. Најдобар пример за тоа е ’Сведмилк‘, инвестиција на која Груевски пред девет месеци беше горд и која ја најави како прва гринфилд-инвестиција во Македонија. Сега тој се обидува да ја убеди јавноста дека Владата не може да помогне во случајот со долгот на ’Сведмилк‘ кон фармерите, освен да посредува во решавање на спорот, бидејќи тоа се бизнис-релации на приватни лица“, изјави в.д. претседателот на СДСМ.

Тој праша како на Груевски не му п��ечеше да сними рекламен спот за парламентарните избори 2008 каде што менаџерот на ’Сведмилк‘, Роџер Оскарсон, говори за бизнис-климата и успешната соработка со Владата на ВМРО-ДПМНЕ.

„Зошто тогаш не сакаше Груевски да се држи настрана од приватните субјекти? Или кога треба да зема гласови тоа не му пречи, а кога треба да враќа пари – тогаш се прави наудрен“, објасни Заев.

Додека тече помпезната кампања на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ, според опозицијата, девизните резерви се топат, платниот биланс се влошува, а стабилноста на денарот е загрозена. „Жално е што слушаме од медиумите дека во моментов во буџетот има само 5 милиони евра и прашање е дали наредниот месец ќе може да исплатат платите на јавната администрација и пензиите. Во исто време, тие го имаат најрасипничкиот буџет во историјата на Македонија и продолжуваат бесрамно да ги трошат парите на граѓаните на споменици, кампањи, автобуси и возови за партиските потреби на ВМРО- ДПМНЕ“, истакна Заев, кој се надева дека граѓаните ќе ја согледаат вистината за економската состојба во Македонија и овие локални и претседателски избори ќе ги искористат да му доделат жолт картон на Груевски и ВМРО- ДПМНЕ. (А.С.)


Статијата е прочитана 364 пати.

Испрати коментар

Од: Emil
Датум: 17.03.2009 00:26:30
Odi skrij se be mafijashishte edno-ti ke izigruvas nekoj ekonomist!!!
Од: od jas
Датум: 17.03.2009 03:23:51
Dobro be ti li najde da zboruvas za ekonomija ti koj treba da lezis vo Idrizovo i koj si osuden kriminalec pomiluvan od svojot gospodar....A sto se odnesuva do investiciite svetot e vo recesija normalno e da ima odlozuvanje na istite pred se poradi toa sto bankite i drugite finansiski intitucii ne davaat krediti....toa e fakt vo Makedonija Anglija ili South Africa a vie samo prodavate demagogija i veter...Gospodine Zaev da bev na vase mesto ke se skriev vo Strumica i ke si zivaema na mira so ukradenite 8 milioni......
Од: mircho
Датум: 17.03.2009 07:41:24
bravo Zorane, so tebe sme !!!
Од: blagica kavadarci
Датум: 17.03.2009 09:18:22
Kade se 8 milioni evra sto gi ukrade od narodot, i za koe delo trebase do sega i vo idnina da bides vo idrizovo , da ne te pomiluvase brane. I ti sega ke prodavas cuski za ekonomija. Sramota.
Од: do nepismenite
Датум: 17.03.2009 10:00:47
Porano se cudev i ne veruvav koga ke procitav nekade deka za vreme na fasiticka Germanija golem del od narodot ne znael i ne veruval deka postojat logori i sto se pravi vo niv. No sega gledam deka toa e navistina mozno. I toa ne samo nepismeni tuku i obrazovani luge, bidejki pretpostavuvam deka stom rakuvaat so kompjuter imaat i solidno obrazovanie. Megu prethodnite komentatori ima nekolku. Znaci sakam da vi kazam ne znam po koj pat deka obvinenieto sto DPMNE go podnese protiv Zaev glasese deka so zdelkata Global privatniot investitor zarabotil 8 mil. evra a ne deka Zaev ukral 8 mil. evra. Zosto ako razmisluvate taka togas prasajte se kolku zarabotija dosega OKTA i Telekom. Znaci li toa deka Grujo ukral milijardi evra? Jas tvrdam deka ne. Najpoveke sto ukral se desetina milioni, ne poveke.
Од: acko
Датум: 17.03.2009 10:08:35
Ocigledno vistinata kazana od Zaev za momentnata ekonomska sostojba gi naluti partiskite poltroncinja na VMRO.No pred faktite i svetcite molcat a kamo li poltronite.Moj sovet ako ne vi e jasno nesto od ekonomija prasajte gi mlekarite..............
Од: tomi
Датум: 17.03.2009 10:23:46
Strumica vo Srceto
Од: zoki
Датум: 17.03.2009 12:49:00
Izvadok od:Prerodba vo 100 cekori:Во мандатот 2008-2012 година, основни цели на ВМРО-ДПМНЕ во сферата на инвестициите ќе би- дат: Постигнување кумулативен прилив на странски директни инвестиции во износ од 2 ми- лијарди евра во петгодишниот период 2008-2012; Зголемување на домашните инвестиции. Рок: континуирано; Dali mu turaat kvasec na ovaa prerodba pa porasnale na 8 milijardi.
Од: b
Датум: 17.03.2009 13:30:01
Имаат ли нешто со што би мошеле поданиците на пастирчето да се запрашаат каде се ветените инвестиции. Што е со писмата на намери (патем кажано, јас можам такви да им обезбедам колку сакаат и од каде сакаат) од Франција пред парламентарните избори, од Силиконската долина од Америка и слични. колку е лесно да се манипулираат вакви луге. Сега ми е јасно зашто сме немале никогаш држава.
Од: Струмица
Датум: 17.03.2009 15:01:58
Зоране најголема гордост на Струмица-сите сме со тебе.
Од: nekoj
Датум: 17.03.2009 16:30:34
a pa koga ke dojde SDSM na vlast, ke se potepaat investitorite da dojdat vo makedonija. dosta ni e od site vas politicari, NESPOSOBNI edni; koj saka da investira vo zemja kade prvo nikoj zakon ne funkcionira, kade imadebilna administracija, rasipao sudstvo, nereseni imoti itn?

Најди! во Утрински
Економија
Бензините поскапи за два денара, а дизелот за еден
Повеќе даночни пријави - колкав ќе биде данокот?
Сите купуваат евра, од каде се денарите
„Сувенир“ пак се продава
Полицијата пак ги притиска фармерите
Газдите се' повеќе доцнат со платите
Владата очекува 62 милиона евра инвестиции во мали хидроцентрали
Гордон Браун- Цел свет контра протекционизмот
Бен Бернанке- Рецесијата во САД ќе заврши годинава
Oд несуден економист до врвен пекар