Број 2938  вторник, 17 март 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter
Економија

Гордон Браун: Цел свет контра протекционизмот

Лондон – „Целиот свет би требало да се обврзе дека ќе му се спротивстави на протекционизмот“, изјави британскиот премиер Гордон Браун по разговорите што ги имаше вчера во Лондон со претседателот на Европската комисија, Мануел Баросо. Тој уште еднаш се заложи дека е потребен „заеднички одговор“ на светот на сегашната глобална финансиска криза и рецесијата, но не со затворање на пазарот, туку со отворањето на трговските врски, со што ќе им се помогне и на најнеразвиените и на најпогодените со кризата во нивните настојувања да ги надминат тешкотиите.

Браун објасни дека светот бележи голем пад на светската трговија, што не би требало, сепак, да се решава како во триесеттите години на 20 век, по тогашната светска рецесија. „Тогаш државите реагираа со воведувањето тврди протекционистички мерки, меѓутоа сега би требало протекцинизмот да се спречи, така што директно ќе се удри по него“, рече британскиот премиер.

Претседателот на ЕК, Баросо, рече дека верува во тоа оти ЕУ има решение за излез од кризата, дека Европа и светот мора да се спротивстават на „економскиот национализам“ и на протекционизмот. (МИА)


Статијата е прочитана 196 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Економија
Бензините поскапи за два денара, а дизелот за еден
Повеќе даночни пријави - колкав ќе биде данокот?
Сите купуваат евра, од каде се денарите
„Сувенир“ пак се продава
Полицијата пак ги притиска фармерите
Заев- Владата само потпишува меморандуми, а инвестиции нема
Газдите се' повеќе доцнат со платите
Владата очекува 62 милиона евра инвестици�� во мали хидроцентрали
Бен Бернанке- Рецесијата во САД ќе заврши годинава
Oд несуден економист до врвен пекар