Граѓаните се' повеќе ги претвораат денарите во странска валута. Плашејќи се дека денарот ќе девалвира, а како што се приближуваат изборите така и стравот се зголемува, на менувачкиот пазар сите бараат да купат, но никој не продава евра.
Од менувачниците коментираат дека граѓаните ги вадат заштедите во денари од банките, ги претвораат во евра и ги носат дома. Едно евро се продава по цена од 61,8 денари, а се купува по 61,5 денари.
„Никој не продава, а сите сакаат да купат девизи. Тоа е особено изразено последнава недела. И ние менувачниците нема од каде да откупиме евра. Банките, исто така, не продаваат девизи“, велат од менувачницата „Биб“. Тие коментираат дека не им е јасно од каде се најдоа толку многу денари. Во текот на денот на еден клиент може да му заменат најмногу до 2.000 евра.
„Имаме голема побарувачка на евра. Граѓаните се плашат од девалвација и дека она што се случува во Србија ќе дојде и кај нас. Но, проблем е што и ние не можеме да купиме евра“, велат и од менувачницата „Арба“.
Од банките велат дека не прават разлика меѓу обични клиенти и менувачниците.
„Во Стопанска банка нормално се одвива процесот околу продажба на девизи“, велат од Стопанска банка. Според последниот извештај на НБМ се вели дека значително била зголемена побарувачката за девизи.
Купувајте Норвешки круни место евра. Круната е сега малце пониска од нормалното поради ниската цена на нафтата, ама како најголем извозник на риба во светот и со нафта, гас и јаглен за најмалце 100 години да го снабдува цел свет, Норвешка е земја која не сака да влезе во ЕУ и круната же оди само нагоре.
Поздтав
Од: libertas
Датум: 17.03.2009 11:47:23
gosev ako neznae sto dapravi vo vakva situacija neka go brasa rohatinski od hrvatska koj nome 1 ind vorld!ocigledno bivsivr s i segasni ministri za finansii zabegale vo zeskite fotelji kako sto e ministerstvo za finansii, atuka nemozeme da se vadime so takva e sostojbata vo svetot!
Од: Petre
Датум: 17.03.2009 11:52:46
i vo Hrvatska e istoto.. zatoa paga prodazbata na avtomobili i nedviznosti, a MNOGU POLOSO, se odlaga plakanje na dolgovite, osobeno tamu kade nema KAMATA... ili voopsto ne se plaka, se koristi bezzakonieto, privilegiranata polozba na dolznicite..majka mu e da se simne Euroto na 59mkd... ako treba i kredit od MMF da se zeme
Од: od mene
Датум: 17.03.2009 12:36:53
Abe igor od Oslo!Jas nemam ni za leb pari a kamoli za Norveski kruni!!!Gospod da çuva!!!