Метеж на вчерашниот последен ден за поднесување на ГДП
Вчера истече рокот за пријавување на дополнителните приходи на граѓаните, поточно годишните даночни пријави. Како што се очекуваше, најголем број од граѓаните ги поднесуваа пријавите во последните денови пред истекот на рокот. До саботата, 14 март, до Управата за јавни приходи ГДП поднеле вкупно 80.216 граѓани. Тоа значи дека и пред истекот на крајниот рок биле поднесени поголем број пријави од оние за 2007 година, кои изнесуваа 77.000, но не значи и дека граѓаните во 2008 оствариле повисоки екстра- приходи и дека УЈП ќе собере повеќе данок. Колкави биле екстра-приливите и колку ќе се наплати персонален данок ќе се знае по обработката на податоците.
Најголем број даночни пријави се поднесени во Регионалната дирекција Скопје - 41.156. По Скопје, следуваат Штип со 14.022 , Битола со 12.984, Тетово со 6.209 и Кавадарци 5.845 поднесени годишни пријави.
Годишна даночна пријава имаат обврска да поднесат граѓаните за приходите што ги оствариле во земјата и во странство. Персоналниот данок на доход се плаќа годишно на збирот на нето-приходите од сите извори, освен приходите што се изземени од оданочување. Приходите остварени во 2008 година се оданочуваат со стапка од 10 отсто. Граѓанинот кој остварува само приходи од плата, пензија, од вршење самостојна или земјоделска дејност, не е должен да поднесува годишна даночна пријава. За неподнесување на годишната даночна пријава во утврдениот рок казната е од 500 до 1.000 евра. (А.С.)
Da,treba da se plati danok za izdavanje na stan za da se mestat shmizli,macki ili da se kupuvaat pendreci za da se tepaat mlekarite -jadni dusi koi samo si gi baraat svoite so krv zaraboteni pari,BRAVO be Grujo bravo -ashko sum aferim
Од: b
Датум: 17.03.2009 13:15:20
Ako saka vlasta da se fali so mnogu podneseni prijavi, dogodina da donese uredba, sekoj graganin za sekoja para sto ja zel po bilo koj osnov, da podnese prijava. Koj ne podnese, ne 500 evra, tuku 50 kamsici po grb. Veruvam ke ima nad 200.000 prijavi.