Број 2938  вторник, 17 март 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter
Економија

Владата очекува 62 милиона евра инвестиции во мали хидроцентрали

Договорите за концесии за 65 централи ќе се потпишуваат по изборите

Министерството за економија најави инвестиции од вкупно 62 милиона евра од проектот за мали хидроцентрали. Како што беше истакнато на вчерашниот прес во Министерството, предвидено е да се изградат околу 400 мали хидроцентрали со одделна моќност до 5 мегавати, односно нивната вкупна моќност ќе биде 250 мегавати.

Според министерот за економија, Фатмир Бесими, очекуваното годишно производство на електрична енергија од овие централи се очекува да изнесува околу 1.200 гигават-часа, додека вкупната инвестиција се проценува на околу 300 милиони евра. Бесими потсети дека во периодот 2006-2008 година беа објавени три меѓународни огласи за давање концесија за вода за производство на струја од мали хидроцентрали.

Притоа, на првиот оглас биле доделени 41 локација, со вкупна инсталирана моќност од 43,7 мегавати, при што вкупната произведена струја треба да изнесува околу 189 ггвч. годишно. Инвестиционата вредност се очекува да биде околу 45 милиони евра.

На вториот оглас биле доделени 24 локации со вкупна инсталирана моќност од 15,4 мегавати, а вкупната струја треба да изнесува 65 ггвч. годишно. Инвестиционата вредност ќе биде 17 милиони евра. Тоа би значело дека по успешното завршување на првите две фази од проектот, вкупните инвестиции би изнесувале 62 милиона евра.

Договорите за концесија за вода за првиот и за вториот оглас се подготвени за потпишување, но ќе бидат парафирани по официјалното завршување на изборите, за што компаниите се веќе известени, информира Бесими.

Третиот оглас, пак, беше објавен на 16 декември 2008 година, а траеше до 16 јануари годинава. Тој е за 20 локации со вкупен капацитет од 13,4 мегавати, со очекувано годишно производ��тво од 54 ггвч. Проценетата инвестиција е околу 15 милиони евра. Тендерската документација досега ја подигнале 30 домашни и странски компании, а рокот за доставување понуди е 16 април 2009 година.

Во Министерството за економија во тек се подготовките за објавување четврти јавен оглас за околу 20-30 мали централи на сливот на реките Вардар, Брегалница, Струмица и Црн Дрим. Огласот ќе биде објавен по завршувањето на изборниот процес. (М.Т.)


Статијата е прочитана 276 пати.

Испрати коментар

Од: AHIL69
Датум: 17.03.2009 06:57:16
Владата очекува.....Владата Ќе.........Владата очекува......Владата Ќе...... и така се отиде во ПМ, а Македонија сеуште очекува и ќе очекува ,додека овој народ не се освести , а мислам дека много брзо ќе дојде тој ден
Од: Bitola
Датум: 17.03.2009 11:05:36
A narodot od vladata ocekuva malku da zakocat so trosenje na narodni pari.Narodot ocekuva pogolema sigurnost oti site sme so krediti,so deca a plati ne zemame.
Од: b
Датум: 17.03.2009 13:35:37
А јас го чекам денот кога оваа власт ќе си оди. Е тек тогаш може нешто да се очекува во Македонија. ако до тогаш опстоиме!

Најди! во Утрински
Економија
Бензините поскапи за два денара, а дизелот за еден
Повеќе даночни пријави - колкав ќе биде данокот?
Сите купуваат евра, од каде се денарите
„Сувенир“ пак се продава
Полицијата пак ги притиска фармерите
Заев- Владата само потпишува меморандуми, а инвестиции нема
Газдите се' повеќе доцнат со платите
Гордон Браун- Цел свет контра протекционизмот
Бен Бернанке- Рецесијата во САД ќе заврши годинава
Oд несуден економист до врвен пекар