Број 2938  вторник, 17 март 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter
Економија

ФОКУС

Oд несуден економист до врвен пекар

Газдата на „Вегера“, Јован Јанакиевски, тајната на успехот ја лоцира во мајсторството

Соња Маџовска

Несудениот економист Јован Јанакиевски, газда на „Вегера“, целосно и' се посвети на пекарската индустрија. Фактот што по дипломирањето се видел на 260. место на листата на чекање во Заводот за вработување бил доволна провокација да ризикува и да почне со свој бизнис. Пред 15 години ја отворил првата бурекчилница во општина Центар, кај училиштето „Песталоци“. Вели дека тогаш сам почнал да го пробива мразот во пекарскиот бизнис. Ако тогаш „Жито лукс“ го доживувал како „Сименс“ во пекарската индустрија, денеска и за „Вегера“ може да се каже дека прераснува во бренд препознатлив речиси за секој скопјанец. Својата кариера најсликовито ја објаснува преку серијата актуелна во доцните деведесетти години „Аирлија транзиција“.

„Не сум од пекарско семејство во кое дедовците и татковците биле пекари. Напротив, тие беа интелектуалци. Но, сепак, го направив изборот за пекарство. Во почеток, за оваа дејност не ви се потребни биро, телефон и автомобил, туку бара значајно инвестирање. Не можам да кажам дека сум имал свои пари. Сум се задолжил и така сум почнал. Се сеќавам на онаа серија што тогаш ја снимаше Горан Стефановски, која се викаше ’Аирлија транзиција‘. Тоа беа фактички почетоците на транзицијата. Ние бевме дел од таа емисија“, вака ја почнува својата бизнис-приказна сопственикот на „Вегера“, Јанакиевски.

Стартувал само со шест луѓе, а за 15 години бројот на вработени се искачил на 135 луѓе. Моментно компанијата наголемо се подготвува за преселба во новите простории во Капиштец откако минатата есен сопственикот на „Вегера“ ја купи дирекцијата на „Жито лукс“.

„Горд сум на тоа како сум почнал, како сме работеле и какви позиции имаме моментално. Почнавме во објектот кај училиштето ’Песталоци‘, а сега го напуштаме. Се' уште го држиме како нешто автентично, од каде што сме почнале, иако веќе е очигледно дека ќе мора да го затвориме. На крајот на мај се селиме во новите простории во Капиштец. Целото производство ќе го преселиме таму. Тој објект некогаш е правен според сите стандарди. Меѓутоа, мора да се приспособи на новите трендови“, вели Јанакиевски.

„Вегера“ засега е присутна со 12 продавници само во Скопје. Според Јанакиевски, тајната на успехот е во мајсторството. Производите со кои почнал значеле нешто ново и интересно на пазарот, со што го привлекле вниманието. Тоа, пак, на Јанакиевски му отворило други хоризонти, за кои во почетокот не се осмелувал ниту да размислува. Денеска планира ширење на бизнисот надвор од Скопје, а прва дестинација најверојатно е Охрид. „Од почетокот градиме стратегија на привлекување мајстори кои се дојдени од различни делови на поранешна Југославија. Денеска имаме сопствена школа за мајстори. Кога почнувате да се занимавате со оваа работа, вие сте бебе што ги добива сите болести. Треба да ги поминете, а тоа значи градење искуство, знаење, понекогаш промашувања, погрешни чекори“, објаснува Јанакиевски.

Поголемиот дел од бизнисот со години главно бил носење храна во речиси 70 отсто од скопските училишта. Сега во центарот на вниманието им е отворање продавници на атрактивни локации, како онаа на стара „Ванила“ во Градскиот трговски центар. Златна кокошка засега е продавницата спроти „Багат“ во центарот на градот. „Несомнено е така. Парите од таа инвестиција веќе се вратени. Но, тоа не е наш дуќан, за него плаќаме кирија. Додека, пак, стара ’Ванила‘ е наш сопствен дуќан. Инаку, објектот во Капиштец не го купивме евтино и се' уште го отплаќаме. А згора на тоа, токму во тој период не снајде и економската криза,“, вели Јанакиевски.

Најголем проблем, според него, од кризата е што банките се многу затворени, отежнат е пристапот до свеж капитал со кој би влегле во нови инвестиции. Сепак, Јанакиевски објаснува дека колку и граѓаните да се трудат да штедат, за храна секогаш мора да се најдат пари. Тој вели: „Пекарските фирми и во војна работат добро“.

Сепак, сопственикот на „Вегера“ смета дека моментно централната банка форсира рестриктивна политика, поради што банките се многу селективни. „Не е логично ако светот оди на намалување на каматите за да ја заживее економијата, кај нас да се зголемуваате. Парите стануваат скапи. Се' уште водиме разговори за одобрување кредит“, потенцира Јанакиевски, кој за себе вели дека не е политички определен и дека влетувањето во политика во суштина би му штетело на бизнисот.

Конкуренцијата на домашниот пазар Јанакиевски ја гледа како движечка сила што ги мотивира пекарските фирми да бидат се' подобри. Тој смета дека е неизбежно да се следат светските трендови и да се применуваат постојано новите стандарди, како што е воведувањето на ХАСАП-стандардот. Јанакиевски потенцира дека тајната на успехот лежи во градењето доверба со клиентите и со нудење постојано нови, топли и квалитетни производи.


Статијата е прочитана 1238 пати.

Испрати коментар

Од: ekonomist
Датум: 17.03.2009 03:40:58
Ako e ova se tochno togash mu chestitam.Fufo pred rechisi 30 god. se vrati od italija i napravi sindzir na picerii,imashe i drugi koi probaa so pizza,ama ostanaa sitni,Cujo vo Gjorche pochna so burek pred 20 god,ama ostana siten.Ne e bitno dali si buregdzija,tuku dali si biznismen.
Од: Verka
Датум: 17.03.2009 11:42:54
Ubavo e da se procita za postignat uspeh, ama ovaa prikazna ne e takov primer! Vegera veke podolg period sedi vo skutot na vladeeckata garnitura i partija - pa i toa mu pomaga vo biznisot - mozebi ne vo vkusot na kroasanite, ama sigurno vo tenderite, vo danocite, vo inspekciite. Ne za dzabe gazdata go dade svojot prostor na vlez vo GTC na DPMNE da go koristat za izborna kampanja. Ne se za pocit biznisi sto uspevaat poradi nivnite prljavi odnosi so politickite partii.
Од: habibi
Датум: 17.03.2009 18:26:28
Bravo bravo nema greska otsekogas imal najbolji peciva, pa zarem ne vi teknuva deka posle izleguvanje sekogas jadevme burek kaj pestaloci? Samo kaj nego ima od onie meki peciva so susam i kaskaval, samo kaj nego ima Illy kafe, a dali go dal dukanot vo centar ili ne, mozda moral da go dade.......Taka da bravo gazda!!! I jas se gledam kako tebe eden den! :)

Најди! во Утрински
Економија
Бензините поскапи за два денара, а дизелот за еден
Повеќе даночни пријави - колкав ќе биде данокот?
Сите купуваат евра, од каде се денарите
„Сувенир“ пак се продава
Полицијата пак ги притиска фармерите
Заев- Владата само потпишува меморандуми, а инвестиции нема
Газдите се' повеќе доцнат со платите
Владата очекува 62 милиона евра инвестиции во мали хидроцентрали
Гордон Браун- Цел свет контра протекционизмот
Бен Бернанке- Рецесијата во САД ќе заврши годинава