Број 2938  вторник, 17 март 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter
Економија

Бен Бернанке: Рецесијата во САД ќе заврши годинава

Вашингтон - Економското закрепнување во САД би требало да започне во почетокот на наредната година, изјави претседателот на американската Централна банка, Бен Бернанке. „Рецесијата, најверојатно, ќе заврши оваа година, а закрепнувањето ќе се случи во почетокот на наредната година. Ова закрепнување со време ќе се забрза“, изјави шефот на Федералните резерви во своето прво телевизиско обраќање. Ова е првпат во последните 20 години еден актуелен шеф на Федералните резерви, најсилната централна банка на светот, да даде интервју за некоја телевизија. Ваквиот чекор се толкува со сериозноста на ситуацијата и потребата на Централната банка да ја објасни оваа ситуација на пошироката јавност. Бернанке изјави дека ситуацијата на пазарот на труд ќе продолжи да се влошува и оти стапката на невработеност ќе надмине 8,1 проценти, но сепак, дека постојат навестувања за подобрување на состојбата. „Мислам дека ако успееме да го стабилизираме финансискиот систем, падот нема да биде така брз, по што ќе уследи стабилизација која ќе биде основа на закрепнувањето“, изјави Бернанке. Тој, иако оцени дека САД го „избегнале ризикот“ од повторување на економската криза од 1929, призна дека светскиот финансиски систем, есента, бил „многу блиску“ до крах. (Макфакс)


Статијата е прочитана 314 пати.

Испрати коментар

Од: Emil
Датум: 17.03.2009 00:34:27
Ovoj decko nema vrska od ekonomija.Neznam dali ste gledale intervjua so Peter Schiff.Odete na youtube i napisete Peter Schiff pa ke izlezat nekolku negovi intervjua koi se prevzemeni od CNN.Imeno uste vo 2006 Peter Schiff im ukazuva na ovie ekspertive kako Ben Bernanke i ostanati glavuchi deka ke dojde do golema ekonomska kriza kade sto vrednosta na kujkite drasticno ke padne,golemi finansiski korporacii i banki ke propadnat i brojot na nevrabotenite rapidno ke se zgolemi.No ne samo sto Peter bese ignoriran tuku i bese ismejuvan od ovie nekolku GLAVUCHI koi nemaat vrska od ekonomija-za da na kraj im dokaze deka sepak bil vo pravo.Zatoa ne treba da im se veruva na oviePRAZNOGLAVCI kako Bernanke!!!
Од: Vladimir Simonovski, Orlando, Florida
Датум: 17.03.2009 14:38:48
Emil, vo pravo si za iskazanoto, no sto e uste pozagrizuvacki, Schiff ne samo sto bese ismejuvan, tuku bese i obelezan kako "komunist", a tuka vo SAD se smeta deka toa e najgrda kvalifikacija sto moze da se dobie, nebare sekoj sto ke dobie epitet "komunist" e neprijatel na noarodot i drzavata. A sto se odnesuva do Bernanke, toj e izgleda zaguben i vo prostorot i vo vremeto. Lani mu trebase polovina godina da izmine za konecno da prifati deka SAD se vo recesija, a ova sto sega go izjavuva e samo obid da se vrati doverbata na investitorite vo berzata bez vistinska osnova. Znaci, trgovija so zborovi.

Најди! во Утрински
Економија
Бензините поскапи за два денара, а дизелот за еден
Повеќе даночни пријави - колкав ќе биде данокот?
Сите купуваат евра, од каде се денарите
„Сувенир“ пак се продава
Полицијата пак ги притиска фармерите
Заев- Владата само потпишува меморандуми, а инвестиции нема
Газдите се' повеќе доцнат со платите
Владата очекува 62 милиона евра инвестиции во мали хидроцентрали
Гордон Браун- Цел свет контра протекционизмот
Oд несуден економист до врвен пекар