Почина поранешниот италијански претседател Косига
Рим - Почина поранешниот италијански претседател Франческо Косига, кој во 80-тите години од минатиот век придонесе државата да почне битка со внатрешниот тероризам. Косига почина на 82-годишна возраст.
Во 1978 година Косига поднесе оставка откако не успеа да го спаси животот на киднапираниот лидер на демохристијаните, Алдо Моро. (МИА) |