Сан Франциско - Американски апелациски суд вчера одлучи дека еднополовите двојки не можат да склучуваат брак во Калифорнија поради уставниот карактер на државната забрана за геј-бракови, пренесоа агенциите.
Американскиот федерален судија Вон Вокер минатата недела одлучи дека забраната е противуставна. Одлуката на апелацискиот суд, меѓутоа, ја укина оваа одлука и ги забрани браковите, додека трае жалбената постапка.