Каракас - Венецуелскиот претседател Уго Чавес одбива да го прифати Лари Палмер, кој е предложен за нов амбасадор на САД во земјата.
„Ако тој дојде тука, ќе биде протеран“, рече Чавез во интервју за државната телевизија.
Чавез му е лут на Лари Палмер за неговиот коментар за внатрешната ситуација во државата. Тој изјави дека моралот на венецуелските војници е на ниско ниво и како главна причина ги посочи политичките назначувања во командниот состав.