Број 3361  среда, 18 август 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Свет

Абу Граиб на израелски начин

ЕРУСАЛИМ - Поранешен израелски војник-жена објави фотографии на „Фејсбук“ на кои таа е во униформа и насмеана се сликала покрај палестински затвореници со врзани раце и очи, што наиде на остри критики од израелската војска и од палестински претставници.

Израелските веб-страници и блогови објавија две фотографи на жената. На едната таа седи со вкрстени нозе покрај Палестинец со заврзани очи, кој е потпрен на бетонски ѕид. Неговото лице е свртено надолу, додека таа се наведнува кон него и го гледа нагоре. На другата фотографија таа насмеана гледа во камерата додека зад неа се тројца Палестинци со врзани раце и очи. Инцидентот е потсетување на напнатите односи меѓу израелските војници и Палестинците од Западниот Брег, што е под нивна контрола.

Израелските војници предизвикуваа проблеми на социјалните мрежи, како што се „Фејсбук“ и „Јутјуб“ и порано. Неодамна група војници беа прекорени, бидејќи вежбаа кореографски танцувачки движења додека беа во патрола во градот Хеброн, на Западниот Брег. Танцот беше прикажан на „Јутјуб“. (АП)


#
Статијата е прочитана 474 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Свет
Европските влади ги гонат Ромите
Неонацисти маршираат во Монголија
Демократите лути на Обама
Бомбашите убиваат и на рамазан
По Елизабета, Австралија ќе стане република
Чавез против новиот амбасадор на САД
Хомосексуалците ќе почекаат за женачка
Гром уби седум деца во училиште
Почина поранешниот италијански претседател Косига
Москва протера романски шпион