Број 3361  среда, 18 август 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Свет

Москва протера романски шпион

МОСКВА - Руската Федерална служба за безбедност вчера преку ТВ-снимки покажа како во понеделникот бил фатен Габриел Греку, романски шпион кој имал статус на дипломат. Греку дошол во голема самопослуга во Москва, каде што требало да преземе информација, оставена во сандаче за работи. Во договореното сандаче биле оставени воени информации, што ги донел граѓанин на Русија, кого пред две години романските разузнавачи се обидуваа да го врбуваат. Иако во Москва не се наведува за кој руски граѓанин станува збор, најверојатно тоа е некој од пензионираните полковници, кој некогаш официјално контактирал со странски дипломати.

Габриел Греку работел под покритие дека е дипломат во статус на прв секретар на политичкото одделение на амбасадата во Москва. Руските експерти тврдат дека руските разузнавачки служби го зголемиле интересот за информации што се однесуваат на Молдавија, Приднестровје и делови од Украина што граничат со Романија. (Б.В.)


#
Статијата е прочитана 435 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Свет
Европските влади ги гонат Ромите
Неонацисти маршираат во Монголија
Демократите лути на Обама
Бомбашите убиваат и на рамазан
По Елизабета, Австралија ќе стане република
Абу Граиб на израелски начин
Чавез против новиот амбасадор на С��Д
Хомосексуалците ќе почекаат за женачка
Гром уби седум деца во училиште
Почина поранешниот италијански претседател Косига