Број 3361  среда, 18 август 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Свет

Бомбашите убиваат и на рамазан

БАГДАД - Напаѓач самоубиец вчера изутрина се разнесе во канцеларија за воено регрутирање, при што уби десетици луѓе. Тоа е прв голем напад во муслиманскиот месец на постот рамазан - период што е понапнат отколку во претходните години поради претстојниот краен рок за американските сили да ја заменат нивната борбена мисија во Ирак со обука.

Според информациите во медиумите билансот на жртвите изнесува повеќе од 60 луѓе иако ирачките војници на местото на нападот јавија дека само десетици цивили и припадници на обезбедувањето биле погодени од експлозијата што се случи во близина на Бап ал-Муадан или Големата порта, на источната страна од реката Тигар, во близина на поранешното седиште на Министерството за одбрана. Војниците јавија дека извлекле 40 тела од урнатините.

Рамазан, кога муслиманите постат од зори до зајдисонце воздржувајќи се од вода, храна и цигари, последниве години донесе ескалација на бунтовничките напади во Ирак. Меѓутоа, оваа година има посебно значење, бидејќи Рамазан се совпаѓа со периодот што води до крајниот рок на 31 август кога американската војска ќе го намали своето присуство во Ирак на 50.000 војници, пренасочувајќи се од борбени операции во мисија, чија главна намера е да се обезбеди обука и помош за ирачките безбедносни сили.

Така, и рамазан и крајниот рок за Американците веројатно ќе бидат магнети за напади од бунтовниците кои се обидуваат да ја искористат трајната неизвесност околу политичките работи во Ирак и безбедносната ситуација, седум години по американската инвазија во 2003 година. (Њујорк тајмс)


#
Статијата е прочитана 393 пати.

Испрати коментар


Најди! во Утрински
Свет
Европските влади ги гонат Ромите
Неонацисти маршираат во Монголија
Демократите лути на Обама
По Елизабета, Австралија ќе стане република
Абу Граиб на израелски начин
Чавез против новиот амбасадор на САД
Хомосексуалците ќе почекаат за женачка
Гром уби седум деца во училиште
Почина поранешниот италијански претседател Косига
Москва протера романски шпион