Број 3037  четврток, 16 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Спорт

Јуниорите слаби на местата центар и плеј - адут колективот

Кошаркарите до 20 години веруваат во успех во вечерашниот прв меч на ЕП против Австрија

Наум Котевски

Денеска со мечот Португалија - Грузија (14,15 часот) во салата „Борис Трајковски“ стартува европското првенство за репрезентации до 20 години (Б дивизија), на кое македонската национална селекција ќе игра во групата Д, заедно со Австрија, Унгарија и Бугарија.

Турнирот за официјално отворен треба да го прогласи генералниот секретар на ФИБА Европа, Нар Занолин, веднаш пред нашиот прв меч со Австрија (21 часот).

Селекторот на македонската репрезентација Емил Рајковиќ, иако смета дека имал малку време за подготовки - само еден месец, тврди дека репрезентацијата е кадарна да одговори на предизвикот.

„Мојата филозофија е секогаш да одиме на победа. Првиот меч секогаш е од огромно значење на вакви турнири. Знаете дека две репрезентации од групата одат во втората фаза, па оттаму ќе ни требаат две победи“, посочи Рајковиќ, кој призна дека тимот е дефицитарен на плејмејкерската позиција, како и на центарската.

„Имаме добар шут за три поени и бекови кои можат да ги реализираат задачите. Но, немаме класична петка и организатор на играта. Нашата предност ќе биде колективната игра, а не индивидуалните способности, односно играта еден на еден“, го долови некако квалитетот Рајковиќ, продолжувајќи со детекција на слабостите: „Ќе мора повеќе да внимаваме на затворањето при дефанзивните скокови. Тоа ќе ни овозможи брзи контранапади, што би требало да претставува нашето најсилно оружје“, додаде Рајковиќ, кој вчера заедно со репрезентативците требаше да ја следи снимката од пријателскиот меч Австрија - Чешка, чија анализа треба да помогне во вечерашниот натпревар.

Инаку, турнирот, како што кажавме, ќе ��е игра во „Борис Трајковски“ (и во големата и во малата сала) за што Кошаркарската федерација на Македонија, како по обичај, од дното на душата и се заблагодари на Агенцијата за млади и спорт. Со цел да дојдат што поголем број гледачи КФМ се одлучи влезот да биде слободен.

„Публиката ќе има што да види. Треба да не поддржи во што поголем број. Станува збор за кошаркари кои имаат по 20 години. Тоа не се деца, напротив на паркетот ќе бидат играчи кои се на чекор до сениорската конкуренција. Тоа значи дека публиката ќе може да види брза, атрактивна кошарка“, порача Рајковиќ, кој потенцираше дека во нашата група најсилна репрезентација е Бугарија.


Статијата е прочитана 177 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
БАТЕ Борисов си обезбеди формален реванш
Работнички пропушти шанса да го покори Белфаст
Милано без еуфорија на мегдан со Славен Белупо
Репрезентативците на Арсиќ го тестираа срцето во „Филип Втори“
Фудбалски вести
Мозли го предлага Тод за наследник
Кевендиш прв во првата етапа без радиоврска
Надал се враќа на мастерсот во Монтреал
Пауел против Болт на 100 м во Лондон