Број 3037  четврток, 16 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Спорт

Мозли го предлага Тод за наследник

Според Британецот, експретседателот на Ферари е совршена личност за прв човек на ФИА

Макс Мозли го поддржа некогашниот тимски шеф на Ферари, Жан Тод, сметајќи го за свој идеален наследник, откако вчера ги прекина шпекулациите дека ќе бара петти мандат како претседател на Интернационалната автомобилистичка федерација (ФИА). Тој им пиша на сите членки на ФИА, наведувајќи дека примил речиси сто пораки на поддршка во рамките на Асоцијацијата, но, сепак, решил да се повлече. Мозли (69) вели дека новиот комерцијален договор за Формула 1, наречен „Конкорд“ според плоштадот во Париз на кој се наоѓа седиштето на ФИА, е блиску до финализирање додека на новите тимови им е овозможено да влезат во шампионатот и е договорено намалување на трошоците.

Британецот неодамна изјави дека ја разгледува можноста да продолжи да ја извршува челната функција во мотоспортот, но вчера порача дека „тоа многу би ги искомплицирало моите аранжмани во земјата и би се одразило врз моите обврски кон семејството“. Тој го посочи Тод како најдобар човек за преземање на неговото место, одобрување што на Французинот би му донело огромна предност во изборот во октомври, но тоа тешко дека ќе помине мазно имајќи предвид дека тимовите од Формула 1 се' уште се закануваат со паралелно првенство.

„Верувам дека целите на тие што беа доволно љубезни за да ме поддржат можат да се остварат ако изберете силен, искусен и компетентен тим, таков што би ја зачувал независноста на ФИА и што би обезбедил надополнување на спортот и на мобилноста“, вели Мозли.

Британецот изјави дека, како поранешен член на Сенатот на ФИА, се надева оти ќе игра „скромна улога“ во тој тим.

„Уверен сум дека вистинска личност за да го води тој тим би бил Жан Тод“, додава тој. „Жан е без сомнение најдобриот мотоспорт менаџер на својата генерација, ако не и на сите генерации“.

Тод (63) претседаваше во најуспешниот период на Ферари во Формула 1, во кој Германецот Михаел Шумахер освои пет титули во низа меѓу 2000 и 2004 година. Екипата во тој период освои пет конструкторски титули.

Французинот ги има освоено Светскиот шампионат во рели, потоа трката со спортски автомобили „24 часа Ле Ман“ и релито Париз - Дакар како шеф за мотоспорт на „Пежо“. Тој беше и извршен шеф за операции на Ферари, а беше вклучен и во кампањите на ФИА за безбедност на патиштата и за заштита на околината.

Тод исто така беше и контроверзна фигура, наредувајќи му на Рубенс Барикело да го пушти Михаел Шумахер да победи на Големата награда на Австрија 2002, одлука што предизвика глобална осуда што резултираше со забрана на т.н. тимски наредби.

„Морам да нагласам дека тој во ниту еден случај не би бил кандидат на мотоиндустријата“, вели Мозли. „Тој не би имал специјален однос со својата поранешна компанија ’Ферари‘, ниту со ’Пежо-Ситроен‘. Ако се согласи да ја врши оваа функција, сметам дека би бил идеална личност за продолжување, но и за проширување на работата од последните 16 години“.

Финецот Ари Ватанен, светски првак во рели од 1981 година, засега е единствениот деклариран кандидат за претседател на ФИА. Тој го освои релито „Дакар“ под водство на Тод и има поддршка од претседателот на Американската автомобилистичка асоцијација (ААА), Роберт Дарбелнет, силен критичар на Мозли кога Британецот беше фатен во садомазохистички секс-скандал минатата година.


Статијата е прочитана 152 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
БАТЕ Борисов си обезбеди формален реванш
Работнички пропушти шанса да го покори Белфаст
Милано без еуфорија на мегдан со Славен Белупо
Јуниорите слаби на местата центар и плеј - адут колективот
Репрезентативците на Арсиќ го тестираа срцето во „Филип Втори“
Фудбалски вести
Кевендиш прв во првата етапа без радиоврска
Надал се враќа на мастерсот во Монтреал
Пауел против Болт на 100 м во Лондон