Број 3037  четврток, 16 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Спорт

Репрезентативците на Арсиќ го тестираа срцето во „Филип Втори“

Стартуваа подготовките на најсилната репрезентација за настап на ЕП во Полска

Паралелно со подготовката на македонските јуниори за првиот меч на ЕП, во „Градски Парк“ стартуваа и подготовките на нашата најсилна селекција за настап на ЕП во Полска од 7 до 20 септември. Иако, очекувањата беа дека на првиот собир ќе се јават сите репрезентативци, сепак, Тодор Гечевски и Џеремаја Мејси ќе се приклучат неколку дена подоцна. Првиот побарал од селекторот Јовица Арсиќ уште некој ден одмор по напорната сезона, а вториот ќе пропушти некој ден поради приватни причини.

Да потсетиме на поширокиот список кошаркари се наоѓаат: Врбица Стефанов, Јане Петровски, Димитар Мираковски, Ристе Стефанов, Војдан Стојановски, Дамјан Стојановски, Диме Тасовски, Перо Блажевски, Перо Антиќ, Џеремаја Мејси, Бојан Трајковски, Кирил Николовски, Предраг Самарџиски и Тодор Гечевски. Како што е познато, Владо Илиевски го оперираше мускулот на бутот и нема да му биде на располагање на Арсиќ. Поради тоа дополнително беа повикани Костоски и Николовски.

Инаку, првиот тренинг македонските репрезентативци требаше да го имаат вчера попладне, бидејќи претпладне беа на лекарски прегледи. Имено, по барање лично на доктор Жан Митрев репрезентативците ја проверија својата здравствена слика во кардиохируршкиот центар „Филип Втори“.

Како што е предвидено кошаркарите ќе се подготвуваат 10 дена во Скопје, а на 25 јули ќе заминат на Златибор. На 1 август ќе продолжат во Крањска Гора, а првиот подготвителен натпревар ќе го одиграат на 2 август со Словенија. На 5 август во Љубљана треба да се тестираат и против европскиот првак Русија. По враќањето од Словенија следат два меча со Словачка во Охрид. Подготовките треба да кулминираат на двата турнири во Бамберг, Германија (Полска, Хрватска и Германија) и на Ефес купот во Анкара (Турција, Летонија, Велика Британија, Германија, Хрватска). (Н.К.)


Статијата е прочитана 384 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
БАТЕ Борисов си обезбеди формален реванш
Работнички пропушти шанса да го покори Белфаст
Милано без еуфорија на мегдан со Славен Белупо
Јуниорите слаби на местата центар и плеј - адут колективот
Фудбалски вести
Мозли го предлага Тод за наследник
Кевендиш прв во првата етапа без радиоврска
Надал се враќа на мастерсот во Монтреал
Пауел против Болт на 100 м во Лондон