Број 3037  четврток, 16 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Спорт

Надал се враќа на мастерсот во Монтреал

Светскиот рекет број два Рафаел Надал планира да почне да тренира в понеделник и да се врати во акција наредниот месец на мастерсот во Монтреал додека закрепнува од тендинитис на своите колена. Тој вчера беше подложен на нови медицински проверки во Барселона, полека заздравува од повредите и ќе биде подготвен за настап на мастерсот што почнува на 8 август.

Шпанецот го мачат тетивите на двете колена, нагризани од набиениот распоред на играње на турнирите на земја, а кои го принудија да се откаже од одбраната на својата титула на Вимблдон пред почетокот на гренд-слемот. Тоа го искористи Швајцарецот Роже Федерер, кој стигна до својата шеста круна на Вимблдон и си ја врати првата позиција на АТП-листата од Надал, кому претходно му го одзеде и трофејот на Ролан Гарос.

Надал, кој го освои Монтреал минатата година, победи на три од петте турнири на земја на кои учествуваше во април и во мај, одигрувајќи 22 меча, а за своите проблеми со повредите го обвини пренатрупаниот календар. Тој се врати во својот дом во Менорка на островот Мајорка во вторникот и изјави дека е среќен поради резултатите на своите тестови.

„Одвај чекам повторно да почнам да тренирам и да му се вратам на тоа што го сакам и што го правам најдобро, а тоа е играњето тенис“, изјави тој. „До Монтреал треба да продолжам со рехабилитацијата и да тренирам за да влезам во потребната натпреварувачка форма“.


Статијата е прочитана 192 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
БАТЕ Борисов си обезбеди формален реванш
Работнички пропушти шанса да го покори Белфаст
Милано без еуфорија на мегдан со Славен Белупо
Јуниорите слаби на местата центар и плеј - адут колективот
Репрезентативците на Арсиќ го тестираа срцето во „Филип Втори“
Фудбалски вести
Мозли го предлага Тод за наследник
Кевендиш прв во првата етапа без радиоврска
Пауел против Болт на 100 м во Лондон