Број 3037  четврток, 16 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Спорт

Милано без еуфорија на мегдан со Славен Белупо

Кумановскиот прволигаш, Милано, попладнево (17 ч.), на својата арена ќе го пречека Славен Белупо во меч од второто квалификациско коло за Лига Европа. Кумановци се последните наши претставници кои ќе се појават на меѓународната сцена по Ренова, Македонија Ѓорче Петров и Работнички. Против гостите од Копривница не негуваат големи очекувања, а во мечот ќе влезат без оптимистички и еуфорични изјави. Поради добро познатите настани во клубот во паузата меѓу двете сезони не чувствуваат никаков притисок што го сметаат за предност. Свесни се дека со речиси комплетно нов состав и без адекватни подготовки имаат мали шанси со поквалитетниот и поорганизиран тим од Хрватска, но ветуваат дека ќе го пружат максимумот во моментот и достојно ќе го презентираат македонскиот фудбал. Фаворитската улога му ја препуштаат на Славен Белупо, но не се окупираат премногу со противникот. Насочени се врз себе и играта што тие ќе ја прикажат.

„Ни недостасува речиси целата екипа од минатото првенство. Најдовме замени за нив, но тие дојдоа доцна. Се најдовме во временски теснец околу составување на екипата за наредната сезона и пред се за подготовки за двомечот со Славен Белупо. Ќе биде тешко, но и покрај сите неповолности не се предаваме. Не можам да ветам сигурна победа, но можам да ветам максимална ангажираност на теренот, па што биде нека биде“, ни изјави тренерот на Милано, Еркан Јусуф.

Покрај желбите да одиграат најдобро што можат и знаат кумановци сакаат да останат непоразени барем на домашен терен пред своите навивачи. Во една ваква ситуација за нив и реми ќе претставува успех попладнево против Славен Белупо. Во реализација на тоа сметаат на помош и од публиката.

„Очекувам дека ќе ја имаме поддршката од трибините. Во моментот ни' е многу потребна. Формациски нема што многу да се експериментира и импровизира. Фудбалерите се тие. Костурот на тимот се играчите што останаа од ланската сезона. Во прв ред мислам на Богатинов, Брандо и Алии. Од нив очекувам најмногу“, заврши Јусуф. (С.Д.)


Статијата е прочитана 207 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
БАТЕ Борисов си обезбеди формален реванш
Работнички пропушти шанса да го покори Белфаст
Јуниорите слаби на местата центар и плеј - адут колективот
Репрезентативците на Арсиќ го тестираа срцето во „Филип Втори“
Фудбалски вести
Мозли го предлага Тод за наследник
Кевендиш прв во првата етапа без радиоврска
Надал се враќа на мастерсот во Монтреал
Пауел против Болт на 100 м во Лондон