Број 3613  петок, 24 јуни 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter
Свет

Американците си одат од Авганистан

Од јули до декември ќе бидат повлечени 10.000 американски војници

Американскиот претседател Барак Обама во обраќањето до нацијата најави повлекување на американските војници од Авганистан, и покрај тоа што од Пентагон доби поинакви препораки

Американскиот претседател Барак Обама успеа да се спротивстави за задршките од страна на командантот на трупите на САД во Авганистан, Дејвид Петреус и министерот за одбрана, Робер�� Гејтс. „Почнувајќи од јули до декември ќе повлечеме 10.000 американски војници од Авганистан“. Уште 23 илјади, според американскиот претседател, ќе бидат повлечени најдоцна до септември наредната година. „Вкупно 33 илјади американски војници ќе се вратат од Авганистан“.

САД во изминатите десет години инвестираа еден билион долари во своите војни. Америка веќе не може да си дозволи силно присуство на трупите во кризните жаришта, смета претседателот.

Со оглед на тоа што по убиството на Осама бин Ладен е заслабената мрежата на Ал Каеда и американската офанзива е успешна против талибанците во Авганистан, американскиот претседател ќе се придружува до планот за континуирано повлекување на трупите и по 2012 година. „До 2014 година предавањето на власта во рацете на армијата и полицијата на Авганистан треба да биде завршен процес“, изјави американскиот претседател и најави дека американската борбена мисија ќе се претвори во мисија за поддршка.

Пентагон, пак, сакаше предавањето на улогите да одолжи колку што е можно повеќе. Командантот на трупите во Авганистан, Дејвид Петреус, повеќепати апелираше до претседателот да остави колку што е можно повеќе американски борбени трупи во Авганистан до крајот на идната година.

Експерти за Авганистан во Пентагон не се согласни со мировниот оптимизам на претседателот. Од нивни агол, стратегијата за повлекување на претседателот Обама е диктирана од чисто внатрешно-политички побуди, имено, од изборната кампања во Америка, уморна од војни и во големи долгови.  (Дојче веле)


#
Статијата е прочитана 358 пати.

Испрати коментар

Од: zulum
Датум: 24.06.2011 03:29:50
Mi se gadi koga gledam kako amerikanskata administracija manipulira so lugjeto vo SAD a bogami i so svetot. Ke povlekle 10000 vojnici, a sto ne kazat deka momentalno ima preku 100000 amerikanski vojnici vo Avganistan. 10% golema rabota, Isto kako sto se povlekoa od Irak a momentalno vo Irak ima 46000 vojnici. Makedonijo svesti se i nemoj da veruvas na SAD i EU zatoa sto oni ne mislat dobro nitu na svojot sopstven narod a ne pa vas. Ovie zemji se samo za vojni od koi tie profitiraat mnogu dobro.
Од: Biljana
Датум: 24.06.2011 15:39:38
Taka e Zulum. Za se si vo pravo,i jas toa go mislam.

Најди! во Утрински
Свет
Се повлекуваат и Французите
Засилување на бедемите на ЕУ
Каде оди либискиот конфликт
Хрватска се одлепи од Балканот
Адриан Северин мина како Зоран Талер
Не е виновен за навредите на муслиманите
Црногорците и Хрватите малцинство?
Опозицијата го бојкотира Парламентот
Револуција во шенген-оазата
Десет години затвор за напад врз дански карикатурист

"""