Број 3613  петок, 24 јуни 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
��кономија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter
Свет

Хрватска се одлепи од Балканот

Полноправна членка на ЕУ од 1 јули 2013 година

Министрите за надворешни работи препорачаа шефовите на држави и влади на самитот на ЕУ да ги прогласат за завршени преговорите со Хрватска

Приклучувањето на Хрватска кон ЕУ во 2013 година е речиси готово. Германскиот државен секретар Вернер Хојер во Брисел изјави:

„Мислам дека се надминати најзначајните пречки. Поглавјата што причинуваа големи проблеми, како што се конкурентноста или соработката во сферата на правосудството, се на добар пат“.

В петок шефовите на држави и влади на ЕУ треба да дадат согласност за планот за приклучување на Хрватска. Во втората половина на годинава договорот со Хрватска би требало да биде потпишан. Досега дилеми имаше пред се' Франција. Се стравува дека би можеле да попуштат напорите на Хрватска во борбата против организираниот криминал. Поради тоа, министрите за надворешни работи на ЕУ заклучија дека Европската комисија би требало да доставува извештаи за напредокот на Хрватска до моментот на приклучување. Доколку се јават сомневања, приклучувањето кон ЕУ би можело да биде одложено.

Но, контролите веќе нема да се прават откако Хрватска ќе стане членка. Хојер вели дека за Хрватска не би смеело да има вонредни правила. И кај другите земји на ЕУ, ЕК не врши постојани проверки околу тоа дали ги исполнуваат критериумите за приклучување. Сепак, Хојер тука гледа проблем:

„Како да се однесуваме ако некоја земја пред приклучувањето перфектно ги исполнува условите, ги исполнува и во текот на ратификација на процесот и ден потоа, но одеднаш се јавуваат сомнежи во врска со елементарни прашања?“

Како што, на пример, се случува со Унгарија. Владата во Будимпешта донесе контроверзен закон за медиуми. Некои експерти аргументираат дека тој не соодветствува со европските темелни вредности и дека овозможува цензура од страна на државата. Затоа Хојер сака да биде проверено кои можности и' стојат на располагање на ЕУ за спроведување на критериумите за приклучување и по приклучување кон ЕУ.

Иво Санадер сака да биде екстрадиран

Загреб - Поранешниот хрватски премиер Иво Санадер, кој од 10 декември е во притвор во Салцбург, усно се изјаснил пред надлежниот суд дека се согласува да биде екстрадиран во Хрватска, соопшти адвокатскиот тим на Санадер.

Адвокатот Горан Суиќ наведе дека сега се чека потпис на австриската министерка за правда и техничка подготовка и организација за екстрадиција на Санадер.

„По потписот на министерката, треба од 7 до 15 дена“, наведе Суиќ. Санадер е обвинет за злоупотреба на службената должност и за перење пари.


#
Статијата е прочитана 790 пати.

Испрати коментар

Од: zrak
Датум: 24.06.2011 08:23:18
Katolici se gi pomagaat,a nasata vera oci si vadime
Од: evropa
Датум: 24.06.2011 14:49:07
uste 1975g na zpad veleja yu ce se raspadne zapadniot del ce odi vo evropa istocniot vo siromastija...uste 10god mak bez eu i se raspadja...

Најди! во Утрински
Свет
Се повлекуваат и Французите
Американците си одат од Авганистан
Засилување на бедемите на ЕУ
Каде оди либискиот конфликт
Адриан Северин мина како Зоран Талер
Не е виновен за навредите на муслиманите
Црногорците и Хрватите малцинство?
Опозицијата го бојкотира Парламентот
Револуција во шенген-оазата
Десет години затвор за напад врз дански карикатурист

"""