Десет години затвор за напад врз дански карикатурист
Копенхаген - Дваесет и деветгодишниот маж, кој лани со секира го нападна данскиот карикатурист познат по своите карикатури за пророкот Мухамед со бомба во турбанот, Курт Вестергард, е осуден на затворска казна во траење од 10 години поради обид за убиство и за тероризам.
Тој беше осуден во февруари годинава на деветгодишна затворска казна, но поднесе жалба на пресудата до Апелацискиот суд, кој сега ја зголеми казната на 10 години затвор.
Мажот ги негираше наводите во о��винението и вели дека само сакал да го заплаши карикатуристот Вестергард, пишува данскиот дневен весник „Политикен“. |