Број 3613  петок, 24 јуни 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter
Свет

Каде оди либискиот конфликт

Командантот на НАТО го отфрли повикот од Италија за одложување на непријателските дејства во Либија и се обиде да ги убеди нерешителните припадници на западната коалиција дека Моамер Гадафи може да биде поразен.

Американската државна секретарка Хилари Клинтон изјави дека опозицијата на Либија постигнува многу јасен напредок на теренот. Клинтон рече дека нема сомнение оти луѓето на Гадафи се „притиснати до ѕид“. Американскиот Претставнички до�� се очекува утре да гласа за предлогот да се прекине финансирањето за американските воени дејства во Либија, но не е познато дали таа мерка може да помине и веројатно нема да добие одобрување од Сенатот.

„Откако НАТО ја презеде командата за воздушни напади на 31 март, неговите авиони спроведоа 12.198 лета, од кои 4.613 борбени. Членките на НАТО што учествуваат во воздушните напади на Либија се Франција, Велика Британија, Канада, Данска, Норвешка, Белгија, Италија и САД.

Дваесет брода под команда на НАТО патролираат низ централното Средоземно Море за да го спроведат ембаргото на ОН за оружје. Во средата 14 брода беа запрени за да се утврдат дестинацијата и товарот. Пет беа проверени, а ниту еден не беше вратен.

Вкупно 1.486 брода се запрени, 114 проверени, а осум вратени од почетокот на ембаргото за оружје. (Ројтерс)


#
Статијата е прочитана 580 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Свет
Се повлекуваат и Французите
Американците си одат од Авганистан
Засилување на бедемите на ЕУ
Хрватска се одлепи од Балканот
Адриан Северин мина како Зоран Талер
Не е виновен за навредите на муслиманите
Црногорците и Хрватите малцинство?
Опозицијата го бојкотира Парламентот
Револуција во шенген-оазата
Десет години затвор за напад врз дански карикатурист

"""