Број 3613  петок, 24 јуни 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter
Свет

Адриан Северин мина како Зоран Талер

Брисел - Европскиот парламент го поддржи предлогот за одземање на имунитетот на романскиот европратеник Адриан Северин, исклучувајќи секакви форми на ограничување на неговата лична слобода.

Обвиненијата против Северин вклучуваат "пасивна" корупција и трговија со влијание, за кои пишуваше британскиот весник "Сандеј тајмс" во март оваа година.

Европратениците сметаат дека "одговорностите на ЕП не вклучуваат изразување мисле��е за тоа дали некој член на институцијата е виновен, ниту дали неговите активности се основа за да бидат ставени под судска одговорност".

На 21 март романската Национална дирекција за борба против корупцијата покрена обвинение против Северин врз основа на информација, според која во периодот меѓу декември 2010 и март 2011 година тој прифатил да земе 100.000 евра од претставници на фиктивната лобистичка организација "Тејлор Џоунс паблик аферс", создадена од весникот "Сандеј тајмс".

Весникот тврди дека пратеникот претходно побарал сума од 12.000 евра во замена за негова поддршка во ЕП на проект за измена на директивата за гаранција на депозитите.


#
Статијата е прочитана 464 пати.

Испрати коментар

Од: Vane
Датум: 24.06.2011 09:23:13
Обични апаши. Ништо повеќе.

Најди! во Утрински
Свет
Се повлекуваат и Французите
Американците си одат од Авганистан
Засилување на бедемите на ЕУ
Каде оди либискиот конфликт
Хрватска се одлепи од Балканот
Не е виновен за навредите на муслиманите
Црногорците и Хрватите малцинство?
Опозицијата го бојкотира Парламентот
Револуција во шенген-оазата
Десет години затвор за напад врз дански карикатурист

"""