Број 3613  петок, 24 јуни 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Ек��номија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter
Свет

Засилување на бедемите на ЕУ

Пограничната агенција „Фронтекс“ ќе добие поголеми овластувања во однос на трговијата со луѓе

БРИСЕЛ – Пред почетокот на дводневниот самит на кој ќе се дискутира за проблемите во врска со миграцијата, како и за грчката криза, главните институции на ЕУ се согласија да и' дадат поголеми овластувања на пограничната агенција на Унијата, „Фронтекс“, во однос на трговијата со луѓе и други прекугранични кривични дела.

Договорот постигнат на 22 јуни од страна на ЕУ-владите, Европскиот парламент и Европската комисија, ќе и' овозможат на „Фронтекс“ да купува или да изнајмува сопствена опрема – како хеликоптери и теренски возила, па на тој начин да стане помалку зависна од капиталот позајмен од земјите-членки.

Во очекување на официјално одобрување од страна на Европскиот парламент во септември, договорот, исто така, повеќе ќе ги обврзува земјите-членки да ги исполнуваат своите ангажмани кога ветуваат погранични службеници за агенцијата со седиште во Варшава, кои сега ќе бидат распоредени како „европски погранични тимови“ кога некоја земја ќе има проблем со обезбедувањето на ЕУ-границата.

Додека ЕУ лидерите се пред дискусија за можноста за повторно воведување на граничните контроли меѓу земјите во ЕУ кога една држава се соочува со огромен прилив на емигранти, Фронтекс ќе игра клучна улога во „постојано проценување на капацитетот на земјата-членка за соочување со претстојните предизвици на надворешните граници“.

Врската меѓу миграцијата и безбедноста е дополнително зајакната со тоа што и' се даде на Фронтекс „можност да отстапува лични податоци до Еуропол или до други ЕУ-агенции за спроведување на законот во врска со личности за кои постои сомневање дека се инволвирани во прекугранични криминални активности, олеснување на илегални имиграциски активности или во трговија со луѓе“, се наведува во договорот.

Во обид да се запре незаконската емиграција, на Фронтекс, исто така, ќе му биде овозможено да почне проекти за техничка помош и распоредување на службеници за врска во земјите на потекло и транзит и да игра поголема улога во операциите за враќање. (ЕУ обзервер)


#
Статијата е прочитана 390 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Свет
Се повлекуваат и Французите
Американците си одат од Авганистан
Каде оди либискиот конфликт
Хрватска се одлепи од Балканот
Адриан Северин мина како Зоран Талер
Не е виновен за навредите на муслиманите
Црногорците и Хрватите малцинство?
Опозицијата го бојкотира Парламентот
Револуција во шенген-оазата
Десет години затвор за напад врз дански карикатурист

"""