Број 3274  среда, 05 мај 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Економија

Поскапуваат горивата, алкохолот и цигарите во Грција

Атина - Цените на горивата, алкохолот и на цигарите во Грција почнаа да се зголемуваат како резултат на зголемувањето на акцизите и најавениот раст на ДДВ. Во согласност со одлуката на грчката влада, од вчера се зголемени акцизите на горивата, алкохолот и на цигарите, а од 1 јули ќе биде зголемен и ДДВ од сегашните стапки од 21 на 23 отсто, од десет на 11 отсто и од пет на 5,5 проценти. Со овие мерки владата очекува да обезбеди дополнителен приход од 1,46 милијарди евра.

Бензините во Грција поскапеа за осум евроценти и нивната просечна цена сега изнесува 1,54 евра за литар. Во исто време, цигарите поскапеа од просечната цена на 3,8 евра на 4,8, поради зголемување на акцизата на десет проценти. Цените на алкохолните пијалаци, пак, се зголемени за над две евра, поради растот на акцизите на 30 проценти.

Со новите мерки за 200 проценти е зголемен и данокот на луксуз на скапите автомобили и џиповите.

Грчките пензионери, пак, во зависност од висината на нивните пензии во текот на годинава ќе изгубат меѓу 200 и 8.000 евра. Ова следува по одлуката на владата досегашните 13. и 14. пензија да ги замени со додатоци во вкупна вредност од 800 евра и тоа по 200 евра како регреси за Велигден и за летување и 400 евра за Божик. Најголемо намалување на пензиите ќе имаат пензионерите што месечно примаат над 2.500 евра. Дополнително, од 1 август ќе биде воведен и данок за пензиите поголеми од 1.400 евра. Со ваквите рестрикции намалување на пензиите ќе има кај 1,5 милиони грчки пензионери од вкупно 2,3 милиони. (МИА)


#
Статијата е прочитана 790 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Економија
Потрага по литиум
Не падна седумка на првото коло од новото лото
Денес дома, утре надвор - долговите се трупаат
Нема чаре ниту за кравите ниту за млекото
Грците штрајкуваат, Европа губи трпение
Кабелските да не го реемитуваат ТВ Пинк
Владата негира дека ќе има млечна криза
Струја од сончеви колектори
ВИП со поволности за новите постпејд-корисници
Електричните автомобили опасни за пешаците