Број 3274  среда, 05 мај 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Економија

Владата негира дека ќе има млечна криза

Битола - Ниту имало ниту ќе има млечна криза во државата оваа година. Ниту, пак, поплавите направија голема штета врз есенската и пролетната сеидба во најголемата житница во државата - Пелагонија. Ова го тврди заменик-министерот за земјоделство, Перица Ивановски, по обиколката на пелагонискиот регион.

Според видувањата на владиниот претставник, медиумите се тие што настапувајќи кампањски, наметнале проблем дека веќе има или дека на повидок е млечна криза. Меѓутоа, за вториот човек на Министерството за земјоделство, состојбите во млекопроизводството се сосема нормални и вообичаени, иако и фармерите, но и млекарниците, особено ИМБ, со денови го тврдат спротивното.

„Одговорно тврдам дека моментално ниту има ниту предвидуваме дека во следниот период може да има млечна криза од аспект на вишоци или недостиг од млеко на пазарот. Понудата на сурово млеко во однос на побарувачката е стабилна“, рече Ивановски во Битола. (А.Б.)


#
Статијата е прочитана 389 пати.

Испрати коментар

Од: teknuvalo
Датум: 05.05.2010 10:13:08
Дајте му некоја крава на чоекот да молзи па после нека кажува дали има криза или не !!!

Најди! во Утрински
Економија
Потрага по литиум
Не падна седумка на првото коло од новото лото
Денес дома, утре надвор - долговите се трупаат
Нема чаре ниту за кравите ниту за млекото
Грците штрајкуваат, Европа губи трпение
Кабелските да не го реемитуваат ТВ Пинк
Струја од сончеви колектори
ВИП со поволности за новите постпејд-корисници
Електричните автомобили опасни за пешаците
Поскапуваат горивата, алкохолот и цигарите во Грција