Број 3274  среда, 05 мај 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Економија

Струја од сончеви колектори

Штипската фирма „Актива“ ќе инсталира фотоволтаични колектори на деловната зграда на „Мавис“

Иван Бојаџиски

ШТИП - Првите фотоволтаични колектори за производство на струја од енергијата на сонцето ќе ги поставува штипската фирма за производство и монтажа на челични конструкции „Актива“. Колекторите ќе бидат поставени на деловната зграда на една од најголемите штипски конфекции „Мавис“, лоцирана во индустрискиот дел на Штип. Идејата е „Мавис“ на ваков начин да ги обезбедува своите потреби од електрична енергија.

„Сега изготвуваме техничка документација за инсталирање на вакви колектори. Со тоа сакаме да дадеме придонес во цивилизациските тенденции за искористување на енергијата на сонцето како обновлива, еколошки чиста. Убедени сме дека откако ќе се видат ефектите од зелената енергија поголем број фирми во државава ќе се определат за вакви рационални и економски решенија“, вели Иле Николов, директор на „Актива“.

Оваа штипска фирма што на највпечатлив начин се обидува да ја промени сликата за локалната штипска економија, на пазарот се проби со квалитетна работа. И за тековната деловна година „Актива“ ги обезбедила своите капацитети.

„Првите два месеца од оваа година беа загрижувачки. Но, од март наваму работите значително се подобрија. Се отворија можности, па забрзано произведуваме челични конструкции во нашите хали и ги монтираме на десетина објекти низ Македонија. Работиме на новиот автосалон на ‘Фолксваген‘, на фирмата ‘Старт‘ во Демир Капија, на бензинската пумпа во близина на селото Стојаково, на автопатот кај Гевгелија, на новата производна хала на фабриката за кабли во Неготино. Потоа на центарот ‘Веро‘ во Скопје, на казиното ‘Принцес‘ во Гевгелија, на хотелот со казино и на импозантната купола на влезната порта во хотелскиот комплекс“, потенцира директорот Николов.

За оваа штипска компанија најголем проблем во моментот е неликвидноста на поголем дел од фирмите со кои соработува, а што ги бараат нејзините услуги. Поради тоа, во „Актива“ стравуваат од можни проблеми со наплатата што ќе влијае на нивните добавувачи.

„Најголемиот проблем на стопанството се ограничените можности за добивање поволни кредити од нашите банки. Многу компании не располагаат со слободни средства и не се во состојба да ги остваруваат своите планови што се од значење за македонската економија. Тоа е голем проблем и на тоа прашање во државава мора да се поработи“, коментира Николов.


#
Статијата е прочитана 981 пати.

Испрати коментар

Од: Kalin
Датум: 05.05.2010 12:23:15
Bravo za firmava. Kako sto ukazuvavme mnogu pati od Makedonija Eksport, vo Makedonija nema problem so rabota, ima problem so naplata. Zatoa www.namalivnatresendolg.com ke moze da im pomogne na firmite da go resat toj problem (vo nekoja merka).

Најди! во Утрински
Економија
Потрага по литиум
Не падна седумка на првото коло од новото лото
Денес дома, утре надвор - долговите се трупаат
Нема чаре ниту за кравите ниту за млекото
Грците штрајкуваат, Европа губи трпение
Кабелските да не го реемитуваат ТВ Пинк
Владата негира дека ќе има млечна криза
ВИП со поволности за новите постпејд-корисници
Електричните автомобили опасни за пешаците
Поскапуваат горивата, алкохолот и цигарите во Грција