Број 3274  среда, 05 мај 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Економија

Кабелските да не го реемитуваат ТВ Пинк

„Медија систем ГМБХ“, застапник на преносот на права за реемитување на телевизиските програмски сервиси на РТВ Пинк за Македонија, ги раскина договорите со 35 кабелски оператори од нашата држава. За ова вчера информираше Советот за радиодифузија, апелирајќи до кабелските оператори што имаат раскинати договори веднаш да престанат со реемитување на програмските сервиси Пинк плус, Пинк музика и Пинк фолк.

Како причина за раскинување на договорите од 30 април била наведена непочитување на обврските од операторите.

Како што се вели во соопштението на СРД, „Медија систем“ нагласуваат дека секое натамошно реемитување на овие програми од страна на наведените оператори ќе се смета за акт на пиратерија и кршење на Законот за авторско право и сродните права и Законот за радиодифузна дејност во Македонија. Советот ги предупреди кабелските оператори на кои им се раскинати договорите со РТВ Пинк дека во следните денови ќе биде спроведен засилен мониторинг. СРД известуваат дека онаму каде што ќе биде забележано непочитување на забраната ќе бидат поведени прекршочни постапки.

Кабелскиот оператор „Кејблтел“ уште минатата недела од оваа причина го исклучи ТВ Пинк од својата понуда, а во понеделникот од „Бум ТВ“ известија дека склучиле ексклузивен договор со „Медија систем ГМБХ“ за реемитување на програмите на телевизија Пинк. (М.П.)


#
Статијата е прочитана 1196 пати.

Испрати коментар

Од: Marika
Датум: 05.05.2010 00:29:53
super
Од: mihajlo
Датум: 05.05.2010 14:04:32
Molam ako postojat problemi neka se resat.Vo Makedonija ima srpsko malcinstvo i smetam deka so ova se vrsi diskriminacija.Se ubacuvaat programi koi potrosuvacot nitu ednas vo godinata nema da gi otvori.Vo kolku smetate deka ne od finansiski problemi ne se dozvoluva reemituvanje na tv pink ce smetam deka se raboti za politicka poraka.Od tie pricini a vo interes na konsumentite Kabeltel da prodolzi so reemituvanjeto,kako ne bi se dovel vo situacija da izgubi del od korisnicite.

Најди! во Утрински
Економија
Потрага по литиум
Не падна седумка на првото коло од новото лото
Денес дома, утре надвор - долговите се трупаат
Нема чаре ниту за кравите ниту за млекото
Грците штрајкуваат, Европа губи трпение
Владата негира дека ќе има млечна криза
Струја од сончеви колектори
ВИП со поволности за новите постпејд-корисници
Електричните автомобили опасни за пешаците
Поскапуваат горивата, алкохолот и цигарите во Грција