Груевски вчера изјави дека нема буџетска криза и дека ќе има пари за плати на администрацијата
Соња Маџовска
За денеска е закажана нова аукција на едномесечни државни записи со камата од 8,25 отсто, преку која Владата сака да собере дополнителни 45 милиони евра од банките и граѓаните.
Секоја недела веќе се одржуваат аукции на државни записи, со кои Владата, за да ја покрие дупката во буџетот, се задолжува по многу висока цена. Прв пат пред две недели се издадоа и едномесечни записи со фиксна камата од 8,9 отсто, кои банките и граѓаните сите ги откупија, со што во буџетот се инкасираа 32 милиона евра.
Во меѓувреме, минатата недела се одржа и аукција на три месечни записи, по уште повисока камата од 9,25 отсто, но иако Владата бараше 40 милиони евра, успеа да прибере само 15 милиони евра.
Експертите предупредуваат дека Владата плаќа превисока цена за да го наполни буџетот.
Премиерот Никола Груевски, пак, вчера изјави дека нема буџетска криза и дека ќе има пари за плати.
„Состојбата што се прикажуваше во последните денови во медиумите, дека буџетот е во криза и нема доволно средства, е неточна. Записите што ги издава Министерството за финансии почнаа уште во времето на поранешниот министер Никола Поповски и станаа редовна практика. Тоа беше по препорака на ММФ. Тие препорачуваа дека е здраво за еден буџет и за една економија да има такви записи со кои ќе покриваат повремени ситуации. Воопшто немаме сериозен проблем со буџетскиот дефицит. Државни записи имало и ќе има. Во никој случај нема да се случи да нема пари за плати за вработените во администрацијата, тоа беше шпекулација пуштена во предизборието“, изјави Груевски.
Експертите предупредија дека Владата со издавањето записи, од една страна, плаќа превисока цена за да ја покрие дупката во буџетот, а од друга страна, ги истиснува парите од банките, поради што страда стопанството, и сето ова во услови на криза кога и онака тешко се доаѓа до капитал.
Економските аналитичари ја поставуваат и дилемата дали ова е вистинскиот начин да се покрие буџетскиот дефицит кога нема знаци дека даночн��те приливи ќе се зголемуваат, а веќе за 15 дена стасуваат за наплата едномесечните записи од првата аукција, вредни 32 милиона евра. Тие предупредија и на опасноста од создавање пирамида ако Владата мора повторно да се задолжува за да ги врати овие пари.
И од Министерството за финансии неодамна потврдија дека буџетските трошоци се далеку поголеми отколку приходите. Во првите два месеца во државната каса има помалку даночни приходи за 6,5 милиони евра во однос на планираното.
Околу 4 милиони евра од државната каса се предвидени за финансирање на претседателските и локалните избори. Овие средства се испланирани уште при носењето на буџетот за годинава. Сепак, за трошењето на средствата за изборите е задолжена Државната изборна комисија, а Министерството за финансии само ги одобрува. И за минатите парламентарни избори, исто така, биле потрошени околу 4 милиони евра. Ова за „Утрински весник“ го потврди министерот за финансии, Трајко Славески, кој негираше дека обезбедувањето средства за спроведување на изборите има некаква врска со последните итни задолжувања што ги прави Владата на домашниот пазар преку се' почестите аукции на државни записи.
Но, покрај за спроведување на изборите, во овој период многу пари почнаа да се трошат и за реализација на капитални проекти, со кои во предизборието власта сака да им покаже на граѓаните дека работите се движат. За време на предизборната кампања се поставуваа камен-темелници за изградба на нови патишта, водоводи, училишта. Во овој период очигледно е дека и министерствата се покажале како многу ажурни во реализацијата на расходите, односно ги започнале капиталните проекти, иако тоа со години наназад не беше практика. Овие пари предвидени со буџетите за капитални расходи досега најчесто не се искористуваа целосно и на крајот од годината се пренаменуваа за други споредни проекти.
Brojkite ne se tocni, analizite lazat, statistikite se namesteni. Samo Gruevski e vo pravo - vo FYROM se zivee podobro od bilo kade i bilo koga. Ostanuva samo uste da se smisli pametna strategija za emigrantite od Svajcarija, Anglija i Danska, koi ke se zatrcaat da dojdat vo FYROM :))
Од: miki maus
Датум: 24.03.2009 00:13:04
vladata pravi vistinski cekori i ce ne vnese vo evropskata unija
Од: bramoni
Датум: 24.03.2009 00:29:02
Do 5. aoril ke se dobijat i platite i penziite, a potoa... ke se slikame...Prilicno "domakinski" vladata ja vodi rabotata... so zadolzuvanje, gragjanite ja nagraduvaat so glasanje za istata opcija, koja 'triumfira" na izbori, a ne vo ekonomijata i dobrobitta na Makedonija. osobeno ke se zdobie so "simpatii" so izgradba na nekakvi neoklasicisticki stolbovi i Potemkinovi sela... Sramota!
Од: Tale
Датум: 24.03.2009 01:07:48
Se stega obracot okolu Gruevski.Se kreva portokalovata magla.Ke se vidi naskoro deka carot e gol.
Од: Keops
Датум: 24.03.2009 01:12:35
E ne e lesno da se gradat piramidi. Zamislete kako mu bilo na Keops koga gradel piramida pred da se izmislat blagajnickite zapisi !?!?!?!
Од: jimmy1
Датум: 24.03.2009 02:21:45
Kako moze budzetot da ne e vo kriza koga vladata se zadolzuva za da ima pari vo budzetot za administrativcite da zemaat plati a za mlekarite, stecajcite i drugi koi ne dobivaat plati navreme nema nikakva solucija. Toa vazi pogovorkata,: Vratata e poblizu od plevnata. Vladata trosi grdni pari za reklamiranje, kritikuvana e od site eksperti, no za zal tie kritiki ne vlijaat mnogu zatoa sto tie si teraat po svoe, trosat, kradat na angro, namesto da se zastramat pred ovaj narod sto gi izbra. Se gleda deka gi interesiraat samo nivnite interesi, a drzavata ni tone, narodon ni gladuva, toa e najmalku vazno za niv. Ne samo tie vo vladata, tuku gledam po komentarive deka mnogu od nivnite simpatizeri sto komentiraat ovde ne mozat da razmislat sto pravi ovaa vlada pa i za negativni raboti im cestitaat. Poveke mi lici deka Miki Maus,Irina, Blagica od Kav., ovaa ovcata od EU, Lupco i nekolku drugi deka se clenovi i simpatizeri na sekta a ne na politicka partija. Toa poveke mi lici na vecna bolest.
Од: KAMPUCIJA
Датум: 24.03.2009 04:03:23
pol pot gruevski moze ke gi ukine gradovite,posto i onaka gi izgubi, pa verovatno veke nema da imame kriza,ke imame selska kriza
Од: Regaconi
Датум: 24.03.2009 07:27:25
Znaci, eventualnoto zadolzuvanje se osuduva i se kritikuva. Koga pred 2 godini Vladata celosno go isplati dolgot kon MMF i se izjasni deka nema potreba od aranzmani , ovie glasnogovornici vikaa deka toa ne e dobar poteg i deka treba kontinuirano da imame relacii so MMF .
Од: flying-monaco
Датум: 24.03.2009 07:58:13
Gruevski sekogas gi ispolnil vetuvanjata ama ovie komunisti nikako da svatat deka ne im pali laga i kleveta...so krizata ke se spravat i denesnata vlada koko i del od svetot.Srekja sto ja ima R.Makedonija ovaa vlada..Avie komunisti kolku da klevetite narodot ve razbra...
Од: jony^
Датум: 24.03.2009 08:53:45
G^uevski igra na opasna karta,mnogu blefira i neznam dali ke mu uspee.Ova ke ne donese do inflacija i propast na Makedonskata ekonomija dokolku ne pobedi kandidatot na VMROto,odnosno ako brzo ne go smenat Gosev koj gi drzi rezervite stabilni,a da namestat partiski poslusnik koja treba da gi prepolovi deviznite rezervi.Ova e scenarioto na VMRO to za spas od dupkata vo bugjetot.Posle sleduvaat predvremeni parlamentarni izbori,za da ne se otvara ovaa tema.I
Од: Saso
Датум: 24.03.2009 11:39:11
Nema kriza, tuku ima novi dorski stolbovi na levata strana na Vardar. Kamen-temelnikot na glasackata nepismenost e udren eden den po izborite, a narodecot beden namesto leb - neka jade kolaci. Siromastijata pritiska sekoj den, ama Grujo nekako znae deka vladee so glup narod koj na site ovie bahanalii aplaudira. Da ne e mnogu zalno bi bilo smesno.
Од: vlado
Датум: 24.03.2009 13:33:29
Najvazno vo ovaa drzava e da ima pari za administracijata, za taa lezacka banda sto treba da se skrati za 70% ako sakame i da pomislime da odeme vo EU
Од: nekojsi
Датум: 24.03.2009 19:27:02
Lele go slusam narodov i ne mi se veruva. Dobro be da ve prasam samo kolku vetuvanja za vrabotuvanje ste dobile ??? Kaj u svet ima drzavna administratcija so po 3-4 na edno rabotno mesto.... politicka igra.... se trupa administracijata pa sea od kaj pari za plati da im najdeme. More site treba doma da si idat i onaka ne ni e funkcionalna administracijata koja i onaka skapo ne cini site nas.