Број 2944  вторник, 24 март 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Економија

Ангела Меркел: Државата нема да купи дел од „Опел“

Берлин - Германскиот канцелар Ангела Меркел официјално ја отфрли можноста државата да купи дел од „Опел“ за да го спаси од банкрот автомобилскиот производител. Идејата за директно мешање на државата во „Опел“, кој е сопственост на американската компанија „Џенерал моторс“, беше спомната вчера од министерот за труд, Олаф Шолц, од Социјалдемократската партија, коалициски партнер во владата

на Меркел. „Не треба да стравуваме од таа идеја“, изјави тој во интервју за весникот „Билд“, но додаде оти таа мерка не треба да биде долгорочна.

Во интервју за германската телевизија Меркел рече дека Владата нема намера да купува директно дел од „Опел“. Според неа, вакво решение не би била добра новост за службениците на „Опел“. Компанијата „Опел“, во која во Германија работат над 26.000 луѓе, бара 3,3 милијарди евра од германската држава за да се спаси од банкрот. Берлин

бара од Вашингтон да добие прецизен план за спас на „Опел“ и за иднината на „Џенерал моторс“. (МИА)


Статијата е прочитана 201 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Економија
Владата пак ќе се задолжува, старите долгови стасуваат
ХАСАП ќе го поскапи бурекот?
Во продажба евтиниот индиски „нано“
Странците се' помалку бараат наши производи
Изборите не ја потресоа Берзата
Нафтата поскапе на 53 долари
На самитот ќе се служи евтино „антикризно мени“
Ќе има протести во Лондон за време на самитот на Г-20
Доминик Штрос Кан- Итно „чистење“ на финансискиот сектор