Број 2944  вторник, 24 март 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Економија

ХАСАП ќе го поскапи бурекот?

Угостителите и производителите на храна мора да вложуваат во своите капацитети, што за нив е трошок

Александрија Стевковска

Македонските компании што доаѓаат во допир со храна се' уште не се подготвени за примена на безбедносниот ХАСАП-систем во своето работење, иако од 1 мај ќе биде задолжително да имаат доказ дека или целосно го вовеле или го имаат почнато процесот на воведување на стандардите.

Според експертите, основна причина за доцнењето со примената на овој систем во работењето во фирмите произлегува од нивната неинформираност и ставот дека воведувањето безбедносни стандарди е трошок, а не долгорочна добивка. Според експертите, примената на стандардите треба да се сфати исклучиво како бенефит, бидејќи со воведување на овие стандарди ќе се зголеми профитабилноста на компаниите и ефикасноста во работењето, ќе се отворат нови пазари, а ќе се заштитат и потрошувачите.

Од Дирекцијата за храна засега не можат точно да лоцираат колкав број од објектите што доаѓаат во контакт со храна ги имаат воведено или почнале со имплементација на ХАСАП-стандардите.

„Инспекторите постојано се на терен, но дури на крајот на месецот ќе имаме точни податоци за процентот на фирми што го имплементирале безбедносниот систем за храна и на оние што почнале процес на негово воведување. Сепак, со оглед на тоа дека има околу 200 консултантски куќи што работат на оваа проблематика, се надеваме дека до почетокот на мај кај поголем дел од фирмите безбедносните стандарди ќе бидат дел од нивното работење“, велат во Дирекцијата за храна, која е задолжена за контрола на спроведувањето на ХАСАП-от.

Консултантските куќи, пак, се убедени дека нема да се испочитува крајниот рок за воведување на ХАСАП-стандардите, 1 мај, иако тој рок еднаш веќе беше пролонгиран. „Пролонгирањето на рокот за воведување на ХАСАП-стандардите, кои требаше да почнат да се применуваат од почетокот на годинава, не значеше многу за фирмите. Имено, поради стравот од казни што се најавуваат за оние кои нема да ги имаат овие стандарди, повеќе фирми започнаа со нивна имплементација, но тоа не е доволно за да се даде оцена дека е во тек масовно воведување на ХАСАП-стандардите во работењето кај фирмите. Најголема кочница за имплементација на овие безбедносни системи е законската недореченост на регулативата, која може да се толкува на различен начин, што значи дека Дирекцијата за храна, доколку сака, на секој субјект може да му најде мана во имплементацијата на овие системи“, се жалат дел од консултантите.

Според нив, пресуден фактор за започнување на процесот за воведување на безбедносните стандарди за помалите фирми се и финансиските средства што треба да се издвојат за оваа намена. Останува енигма и прашањето дали и како новите правила за работење ќе влијаат врз цената на храната, односно дали може да се очекува нејзино поскапување. Се' поизразен е трендот граѓаните масовно да купуваат евтина храна и цената да претставува клучен фактор што одлучува дали ќе се купи некој производ или не, посебно во ова кризно време. Имено, угостителите, трговците, производителите на храна мора да вложуваат во своите капацитети за да ги задоволат новите стандарди. Лошите економски услови и тешкиот пристап до кредити им диктира дел од нив инвестицијата да си ја повратат преку зголемување на цената на храната. За граѓаните, пак, ново поскапување на храната би било неиздржливо, со оглед на тоа дека на трошоците за храна оди најголем дел од семејниот буџет на македонското семејство.






Статијата е прочитана 1158 пати.

Испрати коментар

Од: buregdzija od USA
Датум: 24.03.2009 02:45:20
Se soglasuvam deka mora da ima odredeni zakonski parvila i propisi koi treba da se sproveduvaat,pochituvaat i kaznuvaat.Tuka vo USA nekoi raboti se mnogu poednostaveni: 1.Si napravil losha(zagadena hrana)ke dogovarash mnogu,imash eden Makedonec so slatkarnica i buregdzilnica i nekoi dobile grchevi vo stomahot i go tuzele.ama toj za sreka imal napraveno osiguruvanje i prezivea, 2.Vo USA ne se pravi tehnichki pregled na kola,odish vo opshtina,ke platish danok,ke pokazesh deka imas osiguruvanje i gotovo,ti odgovarash za ispravnosta na kolata,a ne firmata koja ti pravela tehnichki pregled(vsushnost pregled ne se pravi) Megjutoa se soglasuvam deka mora da se ima kontrola i zashtita na potroshuvachite-kupuvachite,a posebno kaj decata i ne soodvetni instrukcii vo deklaraciite,jas tuka za malku ke umrev od nekoi Germanski lekarstva shto sozdavaat alergii.
Од: citatelka
Датум: 24.03.2009 10:03:18
Dali HACCP (ili hasap) podrzbira burekdzijata da go isece i spakuva burekot, da prima pari i da vrakja kusur, a pritoa racete da gi brise od prestilkata...ili so istite mrsni race od burekot da gi fakja parite i pak da sece burek? Na mnogu malku mesta vo Skopje imam zabelezano eden vraboten samo da naplakja, a drug vraboten da usluzuva koristejki stipka ili zastitna rakavica so koja ja fakja hranata. Ili uste eden slicen primer: proizvodite se izlozeni nadvor od vitrinata, pa dodeka eden musterija kupuva nesto i naplakja, drugiot gi fakja izlozenite proizvodi, da proveri dali se topli ili tvrdi, dali se taze ili sto uste ne...Neka porabotat malku inspektoirte i neka se obidat da pridonesat implementiranjeto na HACCP da bide i prakticno, a ne samo na hartija....Za nase dobro!
Од: XXL
Датум: 24.03.2009 11:28:09
A.. dali toa znaci deka so "poskapuvanjeto na burekot" konecno ke ja snema onaa najglupavata "talk sou" emisija JADI BUREK...poradi koja veke dosta vreme mi se odmili ..BUREKOT...!!! Ili za nea ne vazat nikakvi standardi...?????
Од: Aerodrom
Датум: 24.03.2009 13:09:54
Da odat inspektorite vo mesarnicite! Suvomesnati proizvodi izlozeni na polica 5 cm od milion luge kade sekoj moze da gi kontaminira. I ova ne e na Bit-pazar, nego vo Aerodrom. Kakvi crni inspektori, kakvi bakraci....Samo zatvaranje i kazna, pa ke vidite kako se ke se sredi.
Од: Андреја
Датум: 24.03.2009 15:40:00
Уште една глупост и протекционизам.Плати ќе добиеш цертификат , исто како и ИСО 9000 .Дали во Јапонија ги има овие глупости? Се може да се регулира со стрикно придржување на законите.

Најди! во Утрински
Економија
Владата пак ќе се задолжува, старите долгови стасуваат
Во продажба евтиниот индиски „нано“
Странците се' помалку бараат наши производи
Изборите не ја потресоа Берзата
Нафтата поскапе на 53 долари
На самитот ќе се служи евтино „антикризно мени“
Ќе има протести во Лондон за време на самитот на Г-20
Доминик Штрос Кан- Итно „чистење“ на финансискиот сектор
Ангела Меркел- Државата нема да купи дел од „Опел“