Број 3377  вторник, 07 септември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Спорт

Има 70 милиони Турци, ама на паркет сме пет на пет

Словенците оптимисти пред утрешното четврт-финале на СП со домаќинот, во второто играат Шпанија - Србија

Словенечката кошаркарска репрезентација стигна до четвртфиналето на светското првенство во кошарка, во кое ќе се сретне со извонредниот домаќин, Турција. Сето тоа откако Словенија во осминафинал��то буквално ја прегази Австралија со 87:58, а Турција лесно мина со Франција 95:77.

„Поради публиката можеби ќе ни биде потешко во овој натпревар. Но, кога ќе видиме дека цела сала навива за противничкиот тим до израз може да дојде карактерот на нашата репрезентација. Можеби има 70 милиони Турци, ама на паркет сме пет на пет. Тука бројчано силите се еднакви. Доколку го оставиме срцето на терен на Турците ниту публиката нема да може да им помогне“, најави бекот на Феникс Санс, Горан Драгиќ, кој против Австралија постигна 10 коша, ама имаше и осум асистенции и четири скока.

Слично резонира и Сани Бечировиќ: „Атмосферата на трибините ќе биде пеколна, но тоа не мора да биде одлучувачко. Доволно сме квалитетни и може да победиме секого“.

Како и да е, се очекува квалитетно и возбудливо четврт-финале, кое е на програмата веќе утре. Тоа го ветуваат игрите и на двата противника. Турција просто ги наруши Французите. Ги извади од патики со зонската одбрана во која „триколорите“ пропаднаа. Тотално се загубија во мислењето што да прават со топката. Неверувањето во сопствениот шут си го направи своето.

Турците, пак, демонстрираа брза одбрана но и ефективен напад. Брилјираше Туркоглу со 20 коша (4/7 за три), а имаше и четири скока и три асистенции, како и Ѓулер кој реализираше 17 поени. Овој вториов одигра НБА-натпревар. Феноменален во организацијата, во влезовите во поентирањето.

Во второто утрешно четврт-финале ќе играат Шпанија и Србија. И од овој дуел, исто така, се очекува многу.

„Шпанија е феноменален тим. Но, верувам дека притисокот нема да ни ги врзе рацете. Минатата година бевме изненадување, а сега мислам дека направивме голем исчекор. Играме многу добро“, изјави Новица Величковиќ.

Душко Савановиќ ден по трилер победата над Хрватска го прослави 27. роденден.

„Десет години играм и не сум прославил ниту еден роденден како што треба. Или тоа било во сала со топка или сум спиел. Сега ден по победата над Хрватска бев со семејството и со пријателите. Преубаво е. Ако победевме со 20 разлика немаше уште да мислам на победата. Инаку, се појави таква приказна дека сме подобри 20 разлика. Тоа е глупост, па кој денеска е подобар од било кого 20 разлика? Јас ви гарантирам дека ниту САД не се подобри од нас 20 разлика, а тоа што ние ја добивме Ангола со 50 е, исто така, нереално. Затоа мислам дека и со Шпанија ќе биде возбудливо до крајот“, потенцира Савановиќ.


#
Статијата е прочитана 1151 пати.

Испрати коментар
Н��јди! во Утрински
Спорт
Сакаме брз гол за отворање на Ерменците
Изложба со многу емоции на Петр Стојановски
Станислав Вавринка го шокира Енди Мари
Македонија ја стави на тест Унгарија
Шок по загинувањето на Томизава
Ќе го игра ли Капело неверниот Руни?
Лазаров со шпанскиот Суперкуп
Двојки за денешните мечеви во квалификациите за ЕП 2012