Број 3377  вторник, 07 септември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Спорт

Сакаме брз гол за отворање на Ерменците

Македонија вечерва (20 ч.) во втор меч во квалификациите за ЕП 2012

Сашко Ѓ. Димовски

Брз гол за брзо отворање на Ерменците. Со ваква желба ќе истрчаат македонските фудбалски репрезентативци во вечерашниот втор натпревар (национална арена „Филип Втори“, 20 ч., МТВ пренос) во квалификациите за Европск��то првенство во 2012 година во Полска и Украина. Победата сега е императив за нас по несреќниот пораз од Словачка во петокот, трите бода ќе се бркаат без селекторот Мирсад Јонуз на клупата (автоматски мора да одлежи суспензија од еден меч по црвениот картон во Братислава), па националниот тим ќе го предводи неговиот прв асистент, Влатко Костов.

„Мора да одиме на победа. Друга опција нема. Ерменците знаат да бидат незгодни во одредени делови од фудбалската игра, но слабост им е одбраната. Оставаат доста простор што ние ќе се обидеме да го искористиме за брзо постигнување на погодок. Наш адут ќе биде колективот и мирниот и дисциплиниран однос на теренот“, најави селекторот Јонуз кој мечот ќе го следи од северната трибина.

Македонија ќе и' се спротивстави на Ерменија со две до три освежувања за разлика од воведниот меч во квалификациите за ЕП 2012, по едно во сите три линии. Формациски ќе се вратиме на 4-3-3 (во Братислава игравме 4-4-2). Шиков поради црвениот картон на „Пасиенки“ и Стојков поради повреда се ослободени од обврските. Нурединовски е сигурен меѓу стативите, во дефанзивната четворка на Н��вески, Митрески и Попов ќе им се придружи Александар Тодоровски од Рад, се очекува Марио Ѓуровски да биде стартер во средниот ред заедно со Шумуликоски и Деспотовски или Георгиевски и во нападот предност да добие Ристиќ во однос на Наумоски кој заедно со Тричковски и Пандев ќе се обидат брзо да го „отворат“ противникот.

„Слаби противници повеќе нема. Денеска сите знаат да играат фудбал. Тоа го видовме и неодамнешното Светско првенство во Јужна Африка. По несреќниот пораз од Словачка вечерва немаме друг избор освен победа. Мора да ги освоиме иако ќе биде тешко“, изјави македонскиот капитен Горан Пандев.

Поддршка на тројцата напаѓачи треба да бидат бековите Попов и Тодоровски кои заедно со играчите за врска треба да претставуваат вистинско осило пред ерменскиот гол. Далеку од тоа дека ќе биде лесно бидејќи се очекува дека Ерменија вечерва во Скопје ќе се однесува како Македонија во петокот во Братислава. Тешко ќе биде да се пробие затворената гостинска варијанта, но доколку успееме во тоа во првите 15-20 минута од мечот ќе биде многу полесно во продолжението. Во прилог на тоа оди и фактот дека Пандев ќе привлекува големо внимание кај противникот, најчесто врз себе ќе носи по двајца чувари, што ќе остави многу простор за останатите фудбалери да се истакнат, отворат, проиграат. Ерменија резултатски стартуваше идентично како ние. Загуби на домашен терен од Република Ирска со 1:0. Македонија се соочува со дополнителен проблем. Одигра добро на „Пасиенки“, но не успеа да остане непоразена. Концентрацијата беше нарушена во финишот по мешаницата и црвениот картон на Ванче Шиков, а тоа не' чинеше погодок во мрежата на Нурединовски. Веруваме дека психолошкиот момент од таквиот развој на настаните ќе биде потиснат и нема да излезе на површина.

„Ова е прв меч на домашен терен за нас во овие квалификации. Проучен е тимот на Ерменија. Неговата игра се базира претежно на контри, пред се на гостувањата. Ако го постигнеме тој брз гол ќе биде полесно до крајот. Се надевам дека ќе успееме во тоа. Тешко беше овие денови да се работи по начинот на кој го загубивме натпреварот во Братислава, но како одминува времето трагите од петокот избледуваат, се бисти разумот и срцето и се надевам дека тоа нема да се одрази во нашата игра вечерва. Сите сме подготвени да го дадеме максимумот и да ја прославиме првата победа во циклусот“, порача дефанзивецот на бундеслигашот Мајнц 05, Николче Новески.

Правдата во вечерашниот натпревар ќе ја дели судиска тројка од Норвешка на чело со Еспен Бернтсен. Во функција ќе биде ставена само Северната трибина, јужната овојпат отпаѓа поради технички причини и се очекува да биде комплетно подготвена за наредниот меч на националниот тим на домашен терен на 12 октомври против селекцијата на Русија.


#
Статијата е прочитана 1231 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Изложба со многу емоции на Петр Стојановски
Станислав Вавринка го шокира Енди Мари
Македонија ја стави на тест Унгарија
Има 70 милиони Турци, ама на паркет сме пет на пет
Шок по загинувањето на Томизава
Ќе го игра ли Капело неверниот Руни?
Лазаров со шпанскиот Суперкуп
Двојки за денешните мечеви во квалификациите за ЕП 2012