Број 3377  вторник, 07 септември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Спорт

Вести

Лазаров со шпанскиот Суперкуп




Кирил Лазаров го освои првиот трофеј со својот нов клуб Сиудад Реал со победата од 29:28 над Барселона во 25. Суперкуп на Шпанија. Најдобриот македонски ракометар постигна пет гола и беше најефикасен на теренот во првото полувреме, кога стигна до четири погодока, од кои два од седмерец. Поефикасен од него во победничкиот тим беше само Агинагалде со шест гола.

Квалификации за ЛШ

Металург последен во Порто

Неславниот настап на ракометарите на Металург на квалификацискиот турнир во Порто за Лигата на шампионите е заокружен со пораз и од Запорожје од 25:23 во последното коло, па македонскиот првак заврши на дното во втората група со само еден бод. Место во ЛШ, македонскиот првак ќе игра во Купот на ЕХФ, каде што во второто коло на 2/3 октомври прво ќе му гостува на белорускиот претставник Мешков Брест.

По поразот од Динамо Минск од 27:21 и ремито 24:24 со домаќинот Порто, тимот на Лино Червар остана без мотив, бидејќи во групната фаза од ЛШ отпатува Динамо, па така и му пријде на дуелот со Украинците. Противникот уште при крајот на првото полувреме, практично, го реши прашањето на победникот со водството од 13:6 во 25 мин., иако „металурзите“ во почетокот од вториот дел се приближија на 14:15. До крајот Запорожје не ја испушти предноста, која во еден момент беше 24:20.

Миркуловски со пет гола беше најефикасен во поразената екипа, Левов постигна четири, Алушовски три, Ракчевиќ, Димовски, Милјак и Н. Мојсоски по два и Георгиевски, Стоилов, и Јоноски по еден. Во победничкиот тим се издвои Стецура со девет погодока. (Р.Д.)

Суперлига

Ѓорче Петров загуби во Прилеп

Некогашниот македонски и европски шампион Ѓорче Петров го почна новото првенство во женската ракометна Скопско Суперлига со пораз од 27:22 на гости кај Жито Прилеп. Во другиот одигран меч од првото коло повратникот Гевгелија дома го декласира Кичево со 39:29.

Џудо

Двајца Македонци на СП во Токио

На Светското првенство во џудо што ќе се одржи од 9 до 14 септември во Јапонија, во Токио, ќе настапат и двајца натпреварувачи од Македонија. Тоа се државните прваци во категорија до 81 кг - Ванчо Сарафов и младата Јованка Гусаковска, која ќе настапи во категорија до 57 кг заедно со нив денес преку Истанбул за Токио ќе отпатуваат и селекторот Игор Паскоски, како и водачот на нашата селекција, Благојче Димески, инаку претседател на клубот „Миоки“ од Скопје. Димески со својата фирма „Телесмарт“ е спонзор на клубот и на репрезентацијата на Македонија.

По светското првенство во Токио Сарафов и Гусаковска, со уште пет други џудисти од Македонија, ќе учествуваат и на Балканијадата во Требиње на 24 и 25 септември. (М.М.)


#
Статијата е прочитана 1041 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Сакаме брз гол за отворање на Ерменците
Изложба со многу емоции на Петр Стојановски
Станислав Вавринка го шокира Енди Мари
Македонија ја стави на тест Унгарија
Има 70 милиони Турци, ама на паркет сме пет на пет
Шок по загинувањето на Томизава
Ќе го игра ли Капело неверниот Руни?
Двојки за денешните мечеви во квалификациите за ЕП 2012