Број 3377  вторник, 07 септември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Спорт

Шок по загинувањето на Томизава

Тимот на Сутер рејсинг е „целосно разнишан“ по смртта на својот 19-годишен мотоциклист Шоја Томизава во завчерашната трка во класата Мото2 во Сан Марино. Томизава падна при полна брзина пред свиокот и потоа беше прегазен од мотоциклите на Алекс де Анџелис и Скот Рединг, кои исто така полетаа во воздухот, но избегнаа сериозни повреди. Јапонскиот возач почина од тешките повреди на градниот кош откако беше префрлен во локалната болница.

„Шоја беше повеќе од пријател. Тој беше како член на семејството“, изјави првиот човек на тимот Ескил Сутер. „Тој беше омилен кај сите во падокот и мене ми е ужасно жал за неговото семејство и за екипата, која ја претрпе оваа трагична загуба“.

Сутер инсистира дека Де Анџелис и Рединг немале шанса да го избегнат судирот со Томизава.

„Чувствувам жал и за Де Анџелис и за нашиот возач Рединг“, додава Сутер. „По првичното сомневање за скршеница на карлицата, кај Шкотот е утврдено дека поминал без сериозни повреди. Но, ментално тој е целосно разнишан, и покрај тоа што ништо од тоа што се случи не беше негова вина. Ова е тажно потсетување дека трките остануваат опасни и покрај сите подобрувања на безбедноста на патеките“.

Возачите од најсилната мотоциклистичка класа Мото ГП за трагичниот инцидент беа информирани по завршувањето на нивната трка, во која победи Дани Педроса.

„Кога ќе се случат вакви работи, ништо друго не е важно“, изјави светскиот шампион Валентино Роси. „Шоја беше прекрасно момче. Ова е страшна несреќа“.

Тринаесетгодишник исто така загина во помала трка пред таа во Индијанаполис во август.

Роси, кој скрши нога во незгода пред Италијанското гран-при во јуни, ги предводеше возачите во оддавањето почит на починатиот јапонски колега Даиџиро Като во почетокот од минатата седмица. Като загина по инцидентот на Јапонското гран-при во 2003 година.


#
Статијата е прочитана 1102 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Сакаме брз гол за отворање на Ерменците
Изложба со многу емоции на Петр Стојановски
Станислав Вавринка го шокира Енди Мари
Македонија ја стави на тест Унгарија
Има 70 милиони Турци, ама на паркет сме пет на пет
Ќе го игра ли Капело неверниот Руни?
Лазаров со шпанскиот Суперкуп
Двојки за денешните мечеви во квалификациите за ЕП 2012